Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

атмосферска1

Екипи на ЈКП „Брегалница“ деновиве работат на поставување атмосферска канализација на улиците „Царевоселска“ и „Кеј на Брегалница“ со што ќе се реши децениски проблем поврзан со поплави во оваа населба.

Денеска градоначалникот на Општина Делчево, Горан Тајковски во придружба на директорот на  ЈКП „Бгреланица“, Стојче Стојковски, направи увид во текот на работите при што истакна дека се поставуваат полиетиленски цевки Ф-300 во должина од 160 метри, а инвестицијата е на Општина Делчево.

Одговараме пред граѓаните и работиме на решавање на проблемите на граѓаните кои ги имаат со години. Се надевам дека со оваа инвестиција ќе го решиме стариот проблем, а воедно, најавувам дека следниот период ќе инвестираме во изградба на атмосферски канализации и во другите критични делови во градот, односно на ул „Вера Јоциќ“ што ќе се прифаќаат сите води од овој дел од населбата се' до колекторот на десната страна на река Брегалница, како и аплициран е проект и обезбедени се финансиски средства за проектирање и изведба на колекторски систем во населба Ново Делчево и СРЦ, истакна Трајковски.

По завршување на овие теренски работи ќе следува асфалтирање на крак од улица „Кеј на Брегалница“ во должина од 80 метри која е дел од Договорот з афинансиска поддршка потпишан меѓу Општина Делчево и Министерство з алокална самоуправа како дел од активностите кои се спроведуваат во рамките на Акцискиот план за домување 2017-2020г. од Статегијата на Ромите.

атмосферска

Share/Save/Bookmark