Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

IMG 1837_resize

Во с.Разловци по 139 пат беше одбележана годишнината од кревањето на Разловечкото востание во 1876 година.

Во организација на Општина Делчево со низа активности, недела (17.05.2015 година) се одбележа 139 годишнината од востанието против турската власт. Чествувањето започна уште рано утрото во недела со планинарски марш „По патеките на разловечките востаници“ на кој свое учество зедоа планинарски друштва од Делчево и од цела Македонија. Тие маршот го започнаа од пред селската чешма во село Тработивиште и се движеа по маршрута долга 13 километри се до с. Разловци. Во Разловци пак беа пречекани од гостите кои присуствуваа на настанот и заедно од пред Спомен домот на Разловечкото востание со свечено дефиле се упатија до дворот на црквата „Св. Цар Костадин и царица Елена“ каде се одржа централниот настан.

IMG 1848_resize IMG 1850_resize

IMG 1853_resize IMG 1856_resize

IMG 1859_resize

Пред спомен плочата на Разловечкото востание, делегации од Општина Делчево, претставници на планинарски друштва, организации  и политички партии положија буќети со свежо цвеќе по што се одржа панихида за учесниците во востанието.

Во рамки на културно-уметничката програма во дворот на црквата се претставија КУД „Гоце Делчево“ – Делчево, играорците при НУЦК „Н.Ј. Вапцаров“ – Делчево и играорната група „КОПАЧКА“ од с.Драмче, Делчево.

IMG 1867_resize IMG 1876_resize

IMG 1880_resize IMG 1885_resize

IMG 1891_resize

За крај од целодневниот настан беше приреден ручек за сите гости и учесници на чествувањето на 139 – годишнината од Разловечкото востание.

IMG 1896_resize IMG 1906_resize

IMG 1913_resize IMG 1914_resize

IMG 1922_resize IMG 1834_resize

Share/Save/Bookmark