ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 2/2019 За вработување на неопределено време на 1(едно) други помошно технички лица во Територијалната Противпожарна Единица-ТППЕ Делчево

Печати
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Минати конкурси

 

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 2/2019 за вработување на неопределено време на 1(едно) други помошно технички лица во Територијалната Противпожарна Единица-ТППЕ Делчево

 

Општина Делчево има потреба од вработување на неопределено работно време на 1(едно ) други помошно технички лица во Територијалната Противпожарна единица-ТППЕ за следното работно место:

1.а) -реден број 65.1, шифра-УПР0402Б15000,назив на работното место-Пожарникар раководител на противпожарен сервис,број на извршители 1(еден);

 

б) општи услови:

 -општи работни компетенции на основно ниво:

учење и развој,комуникација,остварување на резултати,работење со други/тимска работа и ориентираност кон засегнатите страни-(проверка на општите и посебните работни компетенции ќе биде извршена во фазата на интервју); 

в)посебни услови

 -други посебни услови:

-сертификат за стекната квалификација пожарникар,(вработениот во Територијалната Противпожарна Единица има обврска во рок од една година од денот на вработувањето, да се стекне со сертификат за стекната квалификација пожарникар,издаден од институција овластена од Министерството за образование и наука на РСМ во спротивно му претстанува вработувањето).

 г)распоред на работно време

-дневно работно време во две смени од 07.00 часот со 19.00часот и од 19.00часот до 07.00 часот, 40 часовно-неделно работно време;

 д) паричен износ на плата: 15.240,00 денари.

 ѓ) напомена:согласно Годишниот план за вработување за 2019 година вработувањето е предвидено за Македонец(ка).

 3.а) Пријавата за вработување со задолжителните докази за исполнување на условите се доставува во рок од 3(три) работни дена од денот на објавувањето на јавниот оглас во дневен печат.

 Пријавата за вработување со задолжителните докази за исполнување на условите се доставува во хартиена форма на адреса-

Општина Делчево со назнака за Оглас бр.02/2019

ул.Светозар Марковиќ бр.1

2320 Делчево

 Лице за контакт:Џулиета Мемедова,телефон:078/338-180;

Пријавата за вработување може да се подигне од Архивата на Општина Делчево или да се превземе од веб страната на Oпштина Делчево  www.delcevo.gov.mk.  т.е на следниот ЛИНК

 Пријавата за вработување треба да содржи:

            Кандидатите кон Пријавата треба да ја достават следната потребна документација:

            Ненавремени и некомплетени пријави нема да се разгледуваат.

 б)постапка за селекција ќе биде спроведена во следните фази:

-проверка на веродостојност на доказите(проверка на комплетност на пријавата и доказите) и интервју;

-Градоначалникот со Решение формира Комисија за селекција, која во рок од осум(8) дена од истекот на рокот за пријавувањето на огласот врши проверка дали кандидатите ги доставиле задолжителните докази за исполнување на условите од огласот.

Комисијата за селекција врши проверка на веродостојноста на доказите.

По проверката на веродостојност на доказите,преку емаил или телефонот за контакт наведени во пријавата се закажува ден,час и место каде ќе се изврши интервју.

Селекцијата на кандидатите се врши врз основа на јасни и транспарентни критериуми пропишани од Градоначалникот на Единицата на локалната самоуправа.

По спроведената постапка за селекција, за работното место од јавниот оглас се прави ранг-листа на кандидатите кои успешно ги поминале сите фази на селекција.

Од ранг-листата се избираат онолку кандидати со припадност на заедница согласно со одредбите од Законот за вработените во јавниот сектор.

Комисијата за селекција ранг листата на кандидати му ја доставува на Градоначалникот,кој врши избор во рок од 15(петнаесеет) дена.

Вработениот во Територијалната противпожарна единица има обврска во рок од една (1) година од денот на вработувањето, да се стекне со сертификат за стекнатат квалификација пожарникар,издаден од институција овластена од Mинистертсво за образование и наука на РМ, во спротивно му претстанува вработувањето.

4. Одлуката за избор ќе биде донесена во рок согласно член 23 од Законот за работни односи-Пречистен текст (Службен весник на република македонија бр.167/2015).

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 2/2019 За вработување на неопределено време на 1(едно) други помошно технички лица во Територијалната Противпожарна Единица-ТППЕ Делчево

 

                                                                                    ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО

                                                                                       ГРАДОНАЧАЛНИК

                                                                                         Горан Трајковски

Доставено до:

-Архива;

 

Изработила:

Џ.Мемедова

Share/Save/Bookmark