ЈАВЕН КОНКУРС за избор на Директор на Јавно Претпријатие за Комунални Дејности“Брегалница“ Делчево

Печати
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Минати конкурси

ЈАВЕН КОНКУРС
За избор на Директор на Јавно Претпријатие за Комунални Дејности“Брегалница“ Делчево

ЈАВЕН КОНКУРС за избор на Директор на Јавно Претпријатие за Комунални Дејности “Брегалница“ Делчево 

Пријава по јавен конкурс

Директорот се избира со мандат од четири(4) години. 

Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат општите услови утврдени со Закон како и посебните услови предвидени во акти на Јавното Претпријатие за Комунални Дејности“Брегалница“Делчево и тоа: 

Општи услови

-да е државјанин на Република Македонија;
-активно да го користи македонскиот јазик;
-да е полнолетен;
-да има општа здравствена способност за работното место;
-со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија,дејност или должност;

 Посебни услови
-да има минумум пет години работно искуство;
-да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование;

 Општи работни компетенции

-решавање на проблеми и одлучување за работи од својата надлежност;
-комуникација;
-менаџерски способности;
-раководење;

 Посебни работни компетенции

-да поседува еден од следните меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години и тоа:

ТОЕФЕЛ ИБТ(TOEFL iBT)-најмалку 74 бода,ИЕЛТС(IELTS)-најмалку 6 бода,ИЛЕЦ(ILEC     Cambridge English:Legal)-најмалку Б2(В2) ниво,ФЦЕ(FCE Cambridge English:First)-положен или БУЛАТС(BULATS) со најмалку 60 бода;

-познавање на работа со компјутерски програми и канцелариско работење;

-Да има положено психолошки тест и тест за интегритет;

Распоред на работно време

-Работни денови понеделник-петок;

-Работни часови неделно-40 часа;

-Работно време од 07.00часот-15.00часот;

             Рокот за пријавување на заинтересираните кандидати е осум(8) работни дена сметано од денот на објавување на Јавниот Конкурс во дневните весници(Нова Македонија,Слободен печат и Коха) и веб страницата на Општина Делчево www.delcevo.gov.mk ,огласна табла на општината и огласна табла на ЈПКД“Брегалница“-Делчево;

             Заинтересираните кандидати покрај Пријавата треба да достават:

-Кратка биографија –CV;

-Мотивационо писмо;

-Уверение за државјанство;

-Диплома или уверение за завршена стручна подготовка;

-Лекарско Уверение за општа здравствена способност на работното место издадено од соодветна здравствена институција;

-Потврда од надлежен орган дека не му е изречена мерка забрана за вршење професија,дејност или должност;

-Доказ за исполнување на условите за познавање на англиски јазик;

-Доказ за познавање на работа со компјуери и канцеларсико работење;

-Доказ за полжен психолошки тест и тест за интегритет;

-План и програма за работа на Јавното Претпријатие во наредните четири(4) години имено 2018 година -2022година;

-Изјава за заштита на лични податоци;

 *Доказите се доствуваат во оригинал или копие заверена кај нотар.

**Ненавремените и некомплетените пријави нема да се разгледуваат.

 

ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО , ул.Светозар Марковиќ бр.1,Делчево со назнака Јавен конкурс за Директор на ЈПКД“Брегалница“Делчево преку пошта или архивата на Општина Делчево , секој работен ден од 08.00 часот- 16.00 часот.

 

 

                                                                                    ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
   Градоначалник
Горан Трајковски

 

Share/Save/Bookmark