Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Актуелни случувања во општина Делчево

Соопштенија - Категорија-Минати соопштенија

100dena trajkovski

Сто дена-предизвик за поубаво Делчево

 Отпочнување нови проекти, дореализација на старите кои носат развој, исплата на дел од старите наследени долгови, но и почеток на градење нов имиџ на општината која ќе биде општина за сите граѓани, се дел од активностите кои ги одбележаа првите сто дена на новата локална власт во Делчево предводена од градоначалникот Горан Трајковски. 

За градоначалникот Трајковски, овој период од три месеци даде можност да се согледа кондицијата во која се наоѓа општината од секој аспект на делување, но и да се отпочне реализацијата на дел од проектите.

- Главна цел ни е да ги подобриме услугите во нашата општина и да ја направиме поблиска до сите граѓани. Нашите врати се отворени за сите коишто имаат предлози за да направиме Општина Делчево да функционира подобро. Во овој период работиме напорно за да ги оствариме сите нови програми и планирани активности со коишто ќе го подобриме секојдневниот живот на нашите граѓани и да им понудиме подобри услови на секое поле. Вложувавме напори да ги искористиме сите ресурси за општината, да создадеме можности за вработување, но и намалување на сиромаштијата, со што би се спречила миграцијата на младите квалификувани кадри. Во Делчево постои доволно потенцијал за надминување на сите препреки и за решавање на проблемите, рече Трајковски.

Отворена и услужна општина за сите

Во првото резиме за трите месеци на новата локална власт, околу 650 граѓани биле примени од градоначалникот Трајковски, во редовниот термини за прием на странки, но и во текот на целата работна недела. Бројка која отворено зборува дека граѓаните имаат потреба да се сретнат со првиот човек на градот и лично пред него да ги искажат проблемите со кои се соочуваат. Најчесто, граѓаните барале решавање на некој инфраструктурен проблем кој со години останал нереализиран, а е во надлежност на општината. Во однос на нивните барања, преземени се соодветни мерки од надлежните одделенија во Општината, или се ставени како приоритети за решавање во наредниот период.Дел од граѓаните кои се наоѓаат во социјален ризик побарале и еднократна финансиска помош од Општината.

Одделенијата во ЕЛС Делчево се отвораат за директна комуникација со граѓаните, со цел поажурно исполнување на функциите на одделенијата, како обврска и вистински сервис за граѓаните. Назначените лица од сите одделенија при ЕЛС Делчево имаат директна обврска да ги сослушаат граѓаните и во рамки на своите овластувања и надлежности да постапат во насока за решавање на предметите на граѓаните во најкус можен рок, согласно со пропишаната позитивна законска регулатива.

-Реализираме поблиска комуникација и соработка на граѓаните со ЕЛС Делчево.  Со стапувањето на функцијата започнав со остварување на сопствената програма и визија за работа и развој на општинската администрација во Делчево. Како едно од клучните полиња на организациска поставеност и секојдневно функционирање, определени се термини за максимална отвореност за комуникација со граѓаните, на неделно ниво, коишто се практикуваат, со цел поблиска и директна комуникација и соработка на ЕЛС Делчево и со мене, како градоначалник, рече Трајковски.

Градоначалникот Трајковски како свој приемен термин го има одредено секој работен четврток од 10:00 до 13:00 часот.

Во овој период се одобрени 15 решенија за еднократна парична помош во износ од 144.500 денари. Одобрени се 4 решенија за исплата на спортските клубови во износ од 54.000 денари, а 2 решенија за граѓански органзации во износ од 50.600 денари.

Во овие три месеци, Општина Делчево исплатила долг во висина од 587.855 денари на 13 пожарникари на кои пред 8 години им биле незаконски скратени додатоците на плата за дежурства по што вработените од ТППЕ од Делчево ја тужеа општината за нивните законски права. Градоначалникот  разговараше со сите пожарникари и 13 од нив се откажаа од каматите. Исплатата на главниот долг се одвива во две фази при што првиот дел им е исплатен пред нова година, а остатокот е во фаза на исплаќање.

На претходниот состав на делчевскиот Совет, Општина Делчево должеше 14 советнички паушали на 15 советници. Во овој период од три месеци исплатени се паушалите за 6 седници, односно од 39-44 седница, а вкупниот износ е 937.815 денари.

Исплатени се заостанати 68 стипендии, односно по 4 стипендии на 17 ученици, односно исплатани се вкупно 92.000 денари, а исплатени се и 147.000 денари за 49 новороденчиња родени во 2017 година.

Одделението за урбанизам и заштита на животната средина во изминативе три месеци има донесено 48 решенија за легализација на бесправно изградени објекти. Извршен е упис во Агенцијата за катастар на 50 градежни објекти, склучени се договори за комуналии и издадени се 9 одобренија за градење од кои 8 индивидуални објекти, а 1 на Општината кој се однесува на пешачкиот мост на река Брегалница. Извршена е 121 проценка на пазарна вредност на недвижен имот за данок на промет. Издаден е 31 извод од Урбанистички план. Издадени се 24 потврди за уличен број. Донесен е еден ДУП на дел од ценралното градско подрачје.

 

 Инфраструктурни проекти

Приоритет на новата локална власт во Општина Делчево е решавање на инфраструктурните проблеми и создавање услови за реализација на проекти кои треба да донесат подобар квалитет на животот на граѓаните во општината. За реализација на оваа цел во буџетот за тековната 2018 година за капитални инвестиции во Делчево се планирани 47.792 милиони денари од основниот буџет кој е планиран во висина од 103 милиони денари, додека во вкупниот буџет кој е проектиран во висина од 275 милиони денари, износот на планирани капитални инвестици изнесува 73.123.000 денари. Во општинскиот буџет за оваа година се планирани 50% повеќе средства во споредба со лани за изработка на проекти, а значајно е што ќе се изработува и проектот за нов градски пазари проект за градска капела.

Изградба на пешачки мост на реката Брегалница-Обезбедени се средства и подготвена е целосна документација со сите согласности од надлежните институцииза изградба на првиот пешачки мост на реката Брегалница во Делчево. Во тек е распишување на тендерот за избор на најповолен изведувач на работите по што се очекува градежните работи за изградба на пешачкиот мост да започнат оваа пролет. Средствата во висина од 6 милиони денари се обезбедени од ИПР, додека 1 милион денари ќе финансира Општина Делчево.

Пешачкиот мост е желба од граѓаните и приоритетен проект одбран на форумите на заедницата. Овој мост ќе го поврзува стариот со новиот дел на градот.Покрај тоа што ќе биде и украс на градот, мостот ќе биде и доста функционаленсо што граѓаните ќе имаат подобар и пократок пристап додетската градинка, автобуската, библиотеката, училиштата, зградата на Општината, но и градскиот пазар, а ќе се растовари сегашниот мост кој е и единствен во центарот на градот и ќе се зголеми безбедноста на пешаците.

Изработка на проект за градска капела- Во месецот јануари 2018е завршен тендерот за изработка на проект за изградба на градска капела на градските гробишта во Делчево. Проектот треба да биде готов во рок од два месеци, по што се очекува оваа пролет да  започнат градежните работи за изградба на градската капела, која беше еден од приоритетите на граѓаните одбрани на форумите на заедницата. Вкупната вредност на проектот е 5, 5 милиони денари. Дел од средствата се обезбедени преку грант од Светска банка, а дел Општина Делчево.

Изработка на проекти за одделување на фекалната од атмосферската канализација во населби во Делчево- Изработка на техничка документација за одделување на фекалната од амосферската канализација цо населбите Ново Делчево, СРЦ, Шумски Расадник и одделување на фекалната од атмосферската канализацијана улицата „Орце Нколов“ и изградба на глаен колектор од СРЦ и Шумски Расадник. Исто така, подготвен е проект „Одделување на фекалната од атмосферската канализација на Милково Брдо дел 2. За двата проекти обезбеден е грант во висина од 393.000 евра преку Министерството за транспорт и врски, а средствата се обезбедени од Европската инвестициска банка.

 

Изработка на техничка документација за доградба на детската градинка „Весели цветови“-Добиен е проект за изработка на техничка документација за детската градинка. Проектот е аплициран и обезбедени се средства од Бирото за регионален развој преку ИПР. Во декември 2017 е аплицирано до МТСП за доизградба на 4 занимални во детската градинка„Весели цветови“, вредноста на проектот е 300.000 евра .

Енергетски ефикасно јавно осветлување-  Во завршна фаза е замената на постојните улични живини светилки со штедливи светилки. Досега се заменети 600 улични светилки со ЛЕД- диоди, а во тек е поставување на преостанатите 160 штедливи ЛЕД- диоди.  Заменета е завршена на булевар „Македонија” во централното градско подрачје, на улица „М.М.Брицо“ и на улица „Маршал Тито“.Во рамките на проектот, предвидена е инсталација на вкупно 760 штедливи ЛЕД диоди во 7 села (Габрово, Вирче, Град, Стамер, Разловци, Звегор, Тработивиште) и градот Делчево, (населба Ново Делчево- „Орце Николов“, „Кеј на ослободување“, „Скопска“, населба Прв Реон- „Голачка“, „Солунска“, населба Втор Реон- Брегалничка“, „Ванчо Прке“, населба Трет Реон- „Острец“, населба Стар Расадник- „К.Ј.Питу“, „Видео Смислевски-Бато“, „Кеј на Брегалница“, населба Милково Брдо- улица „Браќа Миладинови“, „Вера Јоциќ“, Вељко Влаховиќ“, Питу Гули“,„Кирил и Методиј“ и „Ѓорче Петров“. Проектот треба да заврши до октомври оваа година, а со реализацијата на овој проект, јавното осветлување на општина Делчево ќе биде целосно енергетски ефикасно што ќе донесе големи заштеди на енергија. Замената на живините улични светилки со штедливи ЛЕД- диоди е во рамките на проектот „Енергетски ефикасно осветлување во регионот Благоевград – Делчево” партнерски проект помеѓу Општина Делчево и Општина Благоевград. Проектот е кофинансиран од ЕУ. ( 85% од ЕУ и 15% од Владата на Република Македонија). Буџет – 190 665 ЕУР.

Асфалтирање улици во Делчево-Во рамките на проектот „Општински и рурални инвестиции“, заврши асфалтирањето на најфреквентната улица во Делчево „Светозар Марковиќ“ во должина од 540 метри. Освен оваа улица, во рамките на проектот е планирана изградба на три улици, а вкупниот проект кој е во износ од 260 илјади евра е финансиран со грант од ЕУ преку ИПА- претпристапните фондови, а администрирани според правилата на Светска банка преку Министерството за финансии. Во вкупната сума учествува и државата со 65 илјади евра и општината со 31 илјада евра. Претходно беше реконструирана улицата „Питу Гули“ во населбата Милково Брдо во должина од 380 метри, а овде во тек е изградба на тротоари. Исто така, во должина на околу 300 метри ќе се врши и реконструкција на улицата во центарот на Делчево, „ Маршал Тито“, која ќе опфати и изградба на атмосферската канализација. Стартот на градежните работи на оваа улица ќе зависи од временските услови, а крајниот рок за финализирање на вкупниот проект е јуни оваа година.

Чистење на дивите депонии-Во соработка со ЈПКД „Брегалница“ од Делчево интензивно се работи на чистење на дивите депонии во градот и поблиската околина. Лоцирани се 6 диви депонии, а акцијата се одвива во соработка со Општина Делчево и надлежниот инспекторат. Депонијата кај мостот на р. Брегалница во индустрскиот дел од градот и депонијата за градежен шут Ралева Чукаи ендекот Грозданец се веќе исчистени. Доколку дозволат временските услови, овој период ќе се чистат депониите кај Попов мост, кај манастирот „Св. Богородца Балаклија“, кај Очипалска Река и кај Црквенска Река. Бидејќи на овие локации има најразличен комунален отпад и шут, мора да се користи и соодветна механизација, а отпадот потоа се транспортира и се депонира на главната депонија.

Отпочнување на проектот за изградба на филтер-станица на браната Лошана -Изградбата на прочистителната станица е втор капитален проект во Делчево во последните 10 години. Хидроакумулацијата Лошана беше изградена во 2008 година при што беше решен проблемот со недостигот на вода за пиење на градот Делчево и неколку населени места во општината. Проектот за изградба на филтер -станицата на браната е со вкупна вредност од 7, 5 милиони швајцарски франци. Донацијата од Швајцарската Конфедерација е 6 милиони швајцарски франци, во самиот проект ќе инвестира и македонската Влада преку Министерството за животна средина со 1, 4 милиони швајцарски франци, додека Општина Делчево ќе учествува со 30 илјади швајцарски франци. Со иградбата на овој капитален проект ќе се обезбеди чиста вода за пиење, ќе се реши и недостигот на вода, а Општина Делчево е подготвена со стручните тимови да работат заедно со консултаните со цел да се реши горливото прашање со квалитетот на водата за пиење.Со имплементацијата на проектот планрано е да се започне од јуни оваа година.

Меѓуопштинска соработка- формиран ЛАГ „Малеш Пијанец“-Општина Делчево во соработка со општините од регионот, Пехчево и Берово, како и граѓански организации и претставници на бизнис -заедницата од овие три општини, регистрирана е Локална акциска група „Малеш Пијанец“ согласно со ЛИДЕР мерката на ЕУ. Формирањето на ЛАГ „Малеш Пијанец“ и отворањето на канцеларијата на ЛАГ ќе донесе нов начин на соработка со соседните општини и реализација на проекти кои треба да донесат развој на регионот.

Стратегија за соработка со граѓанскиот сектор- Обезбеден е проект за изработка на стратешки документ за соработка на граѓанскиот сектор и Општина Делчево. Овој документ ќе ги дефинира насоките и целите во кои ќе се движи соработката со граѓанскиот сектор во Делчево. Ќе биде донесен и акциски план за имплементација на стратегијата.

Општина Делчево е во директна корелација со претставниците на граѓанските здруженија со цел нивно активно вклучување во креирање на буџетот, но и поддршка од Општината за нивните активности. Со овој нов начин на комуникација со граѓанските организации се зголемува транспарентноста на општината во делот на трошењето на средствата предвидени во буџетот на Општината за оваа намена, а отчетноста ќе се согледува во извештај кој ќе треба да го достават организациите кои се баратели на средства. Општината гледа партнер во НВО за креирање на локалните политики, а НВО треба да бидат активни чинители во тој процес.

Општина Делчево за поддршка на НВо и спортските клубови, годинава во буџетот предвиде 1, 6 милиони денари, од кои 700.000 денари за граѓанските организации, а 900.000 денари за спортските друштва.

 -Ние, како отворена локална власт ќе работиме на полето за подобра соработка со граѓанскиот сектор и ќе бараме од нив активно вклучување во креирањето на локалните политики. Ќе формираме координативно тело и ќе овластиме лице задолжено за контакт со нив, кое ќе ги координира нивните активности. Во буџетот веќе ги одделивме ставките за спортските здруженија и граѓанските здруженија, потенцираше Трајковски.

 

Форуми на заедницата- Во партнерство на Општина Делчево со НВО „КХАМ“ Делчево, како менторска организација за проектот „Здружени сили за заеднички интереси“  имплементиран од страна на ЦОСВ подружница Прилеп во партнерство со ЦГИ Прилеп и ЖГИ АНТИКО од Скопје, во Делчево беа организирани 4 форумски сесии, каде што граѓаните, институциите и невладините организации имаа можност да ги лоцираат проблемите во заедниците и да ги стават како приоритети, но и да изградат коалиции меѓу нив што би значело можност за соработка во иднина.Грантовите за проектите кои ќе се финансираат во рамките на овој проект се во висина од 300.000 до 360.000 денари. Проектот ефинансиран од Европска Унија во рамките на ИПА -Програма за поддршка на граѓанското општество и медиумите.

 

 

Соработка со Советот на Општина Делчево

Соработката со Советот на Општина Делчево е клучен момент за реализација на плановите и програмите на Општина Делчево. Во овој период се одржани 5 седници на Советот и расправано е по 97 точки од дневниот ред. Меѓу одлуките значајни за развојот на општината се:

1.Одлука за одвојување средства за финансиско учество на Општина Делчево во импементација на проекти од регионално значење;

2. Одлука за пристапување на Општина Делчево како соосновач на Здружение за рурален развој Локална акциска група „Малеш Пијанец“;

3.Одлука за формирање Локален совет за превенција;

4.Одлука за формирање Совет за јавно здравје на Општина Делчево;

5.Одлука за формирање Комисија за заштита на правата на потрошувачите;

6.Одлука за формирање Совет за заштита на потрошувачите;

7.Одлука за приортетен проект „Одделување на фекалната од атмосферската канализација на населбата Милково Брдо-дел2 во Делчево“;

8.Одлука за приоритетен проект „Ирзаботка на техничка документација за одделување на фекалната од амтосферската канализација во населбата Ново Делчево, СРЦ и Шумски Расадник и одделување на фекалната од атмосферската канализација на ул.„Орце Николов“ и изградба на главен колектор од СРЦ и Шумски Расадник“.

9. Локален еколошки акциски план на Општина Делчево 2017-2010.

 10.Делчево за прв пат донесе Правилник за начинот и критериумите за доделување награди и признанија на Општина Делчево. Со овој Правилник, кој е прв ваков документ, Општина Делчево ја зголемува транспарентноста во постапката за доделување на општински награди и признанија, но и создава правна основа за доделувањето награди.


Соопштенија - Категорија-Минати соопштенија

Врз основа на член 24 точка 2 од Законот за просторно и урбанистчко планирање ( Сл. Весник бр. 51/05 ) и Законот за изменување и дополнување на Законот за просторно и урбанистчко планирање ( Сл. Весник бр. 137/07; 91/09; 124/10; 18/11,53/11 и 144/12 )  Градоначалникот на Општина Делчево го донесува следното 

С О О П Ш Т Е Н И Е

за спроведување на јавна презентација и јавна анкета

по Нацрт - Детален урбанистички план (ДУП) за Урбана единица 1, дел од урбан блок 2.1 – Кожара

 

            Се спроведува јавна презентација и јавна анкета  по Нацрт - Детален урбанистички план (ДУП) за Урбана единица 1, дел од урбан блок 2.1 – Кожара за минимално потребен опфат од 3,0358 ха   

Овој локалитет е дефиниран со следните граници:

            -  Југозападно граничи со осовина на река Брегалница

            -  Северозапад со улица Собирна Новопланирана – 1

            -  Североисток граничи со Сервисна улица

            -  Југоисточно со КП.бр.6018; КП.бр.6022; КП.бр.6023; КП.бр.6042; КП.бр.6042/1

Јавната презентација ке се одржи на ден 25.05.2016г во просториите на Спомен дом ,АСНОМ,, ( сала на совет) со почеток во 12 часот и почетокот на јавната презентација воедно ке претставува и почеток на јавна анкета. Јавната анкета ке трае 10 работни дена , сметано од денот на одржување на јавната презентација. Нацрт - Детален урбанистички план (ДУП) за Урбана единица 1, дел од урбан блок 2.1 – Кожара  ке биде изложен во просториите на Општина Делчево  и  аптека ,, Твоја аптека,,  во Делчево и на Интернет страната на Општина Делчево.

Заинтерисираните граѓани и  правни лица можат да учествуваат на јавната презентација а во времетраење на анкетата на анкетни листови ке можат да ги дадат своите забелешки и предлози на анкетните листови до Одделението за урбанизам, уредување на и одржување на градежно земјиште и заштита на животна средина при општина Делчево. Соопштението за организирање на јавна презентација и јавна анкета ке бидат објавени во две јавни гласила  и на Интернет страната на Општина Делчево .

dup kozhara

,


ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
Градоначалник,
Дарко Шехтански 

Соопштенија - Категорија-Минати соопштенија

Ученичките екскурзии се посебен облик на воспитно-образовна  работа што се изведува надвор од учелиштето со цел да се реализираат конкретни цели од наставните програми. Ученичките екскурзии имаат воспитно-образовен и забавно-рекреативен карактер.

Со изведување на  екскурзиите се интегрираат обработените наставни содражини кои се поврзани со наставниот предмет запознавање на околината, македонски јазик, математика, ликовно образование, музичко образование, физичко и здраствено образование и дава можност за набљудување, споредување, заклучување, истражување, примање и давање на информации и идеи од сите видови, без оглед на гледиштата и сфаќањата за сеопфатностана знаења за нештата.

ООУ „Ванчо Прке“ Делчево за таа цел ги објавува Програмите за екскурзија на учениците од третто, шето и деветто одделение:

 

Соопштенија - Категорија-Минати соопштенија

Од Центарот за јавно здравје – Кочани информираат дека по извршените анализи на земените примероци од водите за пиење во Општина Делчево добиени се следните резултати:

Хемиски и бактериолошки неисправни се водата од
- Селскиот водовод и чешмата кај џамијата во с. Град,
- Чешма во с.Стамер,
- Селскиот водовод во с.Разловци,
- Чешма лоцирана кај пустевски ендек.
За овие извори на вода се препорачува водата да се користи како техничка, а за пиење истата да се преврие или да се користи исклучиво флаширана вода.


Исто така според добиените резултати од земените примероци од лабараториските наоди од Центарот за јавно здравје – Кочани, хемиски и бактериолошки исправни се водите од:
- Градски водовод Делчево,
- Градски водовод Македонска Каменица,
- Чешма кај џамијата во с.Вирче,
- Селскиот водовод во с.Габрово,
- Селскиот водовод во с.Звегор,
- Чешмата кај Фротирка,
- Чешма кај Манастирски комплекс „Св.Богородица Балаклија“
- Чешма во с.Габрово,
- Чешма кај Белчанци
ЈЗУ „Гоце Делчев“ и подрачната единица на Центарот за јавно здравје Кочани и во наредниот период перманентно ќе земаат примероци од изворите на води за пиење во Општина Делчево и за добиените резултати благовремено ќе ја информираат јавноста. Од страна на Општина Делчево и ЈПКД „Брегалница“ се превземаат интензини мерки за санирање на неисправните селски водоводи.

Соопштенија - Категорија-Минати соопштенија

Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на Р.Македонија бр.5/02) и член 2 од Статутот на Општина Делчево , Градоначалникот на Општина Делчево објавува: 

ЈАВЕН ПОВИК
за поднесување програми и проекти за реализација во 2015

Градоначалникот на Општина Делчево ги повикува сите организации и поединци од областа на спортот, културата, невладините организации, здруженија на граѓани и фондации да достават програми за предвидени проекти во 2015 година со финансиски параметри кои би им биле потребни за реализација на истите.

Финансиските параметри се потребни за рамковно проектирање на Буџетот на Општина Делчево за 2015 година во горенаведените области и натамошна подршка во реализацијата на избраните проекти за финансирање во 2015 г.
Критериуми кои организациите и поединците треба да ги исполнат се: 

  • Да достават спецификација за обезбедени финансиски средства(сопствени средства,спонзори и сл);
  • Да достават спецификација за потребни финансиски средства од буџетот на Општина Делчево;
  • Сите проекти да бидат реализирани на територијата на општина Делчево.

Сите сите организации и поединци од областа на спортот, културата, невладините организации, здруженија на граѓани и фондации кои користеле финансиски средства од Буџетот на Општина Делчево во 2014 да достават извештај најдоцна до 30.12.2014 година.

Документацијата да се достави во просториите на Општина Делчево (писарница) или по пошта до ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО, адреса ул.„Светозар Марковиќ“ бр.1 2320 Делчево, најдоцна 8 дена од објавувањето на web страната на Општина Делчево  www.delcevo.gov.mk

ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
Градоначалник
Дарко Шехтански 


Objava NVO

Соопштенија - Категорија-Минати соопштенија

Министерството за труд и социјална политика преку ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа во соработка со Општина Делчево започна активности за спроведување на Проект за отворени денови за социјална заштита во руралните средини.

Успешната реализација на проектот е резултат на координираната соработка помеѓу носителите на проектот и обезбедениот директен контакт со жителите заради ефикасен начин на информирање на граѓаните за решавање на нивните социјални проблеми. 

По тој повод Ве информираме дека во СРЕДА (29.10.2014) со цел да се обезбеди информирање за правата и услугите од социјална заштита ќе се реализираат средби со мештаните од селата Габрово, Град и Вирче во следниот редослед:

с.Габрово - 13 часот, во подрачното општинско училиште „Ванчо Прке“;
с.Град - 14 часот, во подрачното општинско училиште „Св. Климент Охридски“;
с.Вирче - 15часот, во подрачното општинско училиште „Св. Климент Охридски“.

Ги покануваме сите заинтересирани граѓани да присуствуваат и да бидат дел од овој проект преку кој директно ќе се овозможи рано откривање и ран третман на граѓаните изложени на социјален ризик, како и поголема достапност на социјалната работа и социјалните услуги во локалната заедница.

Соопштенија - Категорија-Минати соопштенија

Министерството за транспорт и врски и Заедницата на единиците на локалната самоуправа објавуваат

 ЈАВЕН ПОВИК
за пријавување на такси возачи вработени во правни лица лиценцирани за такси дејност од општините во Република Македонија за посетување на обука за изучување на англиски јазик

 1. ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК

1.1.  Предмет на јавниот повик е пријавување на такси возачи вработени во правни лица лиценцирани за такси дејност од општините во Република Македонија, за посетување на обука за изучување на англиски јазик. Овој повик не се однесува на такси возачи вработени во правни лица лиценцирани да вршат такси дејност во Градот Скопје.
1.2. Обукатаза изучувањенаанглискијазикопфаќапосетувањенапредавањекоеќе говршатпрофесорипоАнглискијазик.
1.3. Обукатаќесодржи 80 часовиодносно 40 блокчасови.
1.4. Трошоците за обука за изучување на англиски јазик ќе се обезбедуваат од Буџетот на општините.

2.ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ПОВИК
2.1. Право на учество на јавниот повик имаат сите такси возачи вработени во правни лица лиценцирани за такси дејност од општините во Република Македонија и кои ги исполнуваат следниве услови :
- да не се постари од 62години
- да се вработени  како такси возачи.
2.2. Пријавените кандидати ќе бидат известени за периодот, местото и условите за одржување на обуката за изучување на англиски јазик.

3.НАЧИН И РОК НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВА
3.1. Лицата од точка 2 поднесуваателектронска пријавана следната маил адреса:  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
3.2. Електронската пријава е достапна на интернет страниците www.mtc.gov.mkи www.zels.org.mk или на следниот линк ТУКА

Кон пријавата се доставува следнава документација:
- копија од лична карта во скенирана форма
- копија од М1/М2 образец за лицето што се пријавува во скенирана форма
- задолжителнo да се наведе општината во која што врши дејност такси возачот

3.3. Пријавите можe да се достават во рок од 45 дена од денот на објавувањето на јавниот повик.

Соопштенија - Категорија-Минати соопштенија

Согласно Шеснаесеттата седница на Владата на Република Македонија одржана на 21.08.2014 година на која Владата ја разгледа Информацијата за потребата од назначување на лица за комуникација со граѓани кои што имаат одреден вид и степен на попреченост, а со цел укажување на помош.

Општина Делчево како лица за контакт ги назначува:

  1. Винко Ангеловски
  2. Душко Чапевски

За информации од било како вид можете да се обратите на тел. 033/411-550 или на e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Соопштенија - Категорија-Минати соопштенија

Во рамки на проектот „Соработка помеѓу полицијата и локалното население“ имплементиран од страна на ОБСЕ - Мисијата во Скопје, преку Одделението за соработка со полицијата и локалното население, кој се имплементира на територијата на Република Македонија на 08.07.2014 година (вторник) во 14:00 часот во салата за состаноци во новата зграда на Полициската Станица во Делчево, Советодавната група граѓани на Општина Делчево ќе оддржи состанок со следниот:

Дневен ред

  1. 14:00 - 14:40 часот - Превенција од пожари на отворен простор Досега превземени превентивни мерки и активности кои се планираат во престојниот период
  • Виолета Илиевска - ПС Делчево
  • Милчо Станојоковски - РЦ за ГР Исток
  • Марко Петровски - ЈПШС Голак Делчево
  • Љубен Ефтимов - РУЦК Делчево
  • Ванчо Велинов - МЗШВ

    2. 14:40 - 15:10 часот - Забрана за риболов на реката Брегалница, Закон за рибарство и аквакултура

  • Инспектор Тони Начевски
  • СРД Брегалница - Тони Стоименовски

Претседател на СГГ
Кире Цоневски

Виш Инспектор за превенција
Виолета Илиевска

Соопштенија - Категорија-Минати соопштенија

СООПШТЕНИЕ

Општина Делчево ги известува своите граѓани дека на ден 12.06.2014 година (Четврток) во период од 04:00 часот – 07.00 часот наутро согласно Програмата за превентивни мерки за заштита на здравјето на населението 2014 година ќе се изврши првата теристичка (од земја) аеросолна дезинсекција против комарци со УЛВ метода од страна на ЈЗУ“Центар за јавно здравје“ Скопје.

Им се препорачува на граѓаните кои поседуваат пчелни семејства да си превземат соодветни мерки за заштита. 

                                                                                                ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
                                                                                                  Градоначалник
                                                                                                   Дарко Шехтански 

Соопштенија - Категорија-Минати соопштенија

СООПШТЕНИЕ

Општина Делчево им соопштува на  граѓаните  на општина Делчево дека на ден 23.05.2014 година (петок) со почеток во 13 часот, во салата на Спомен дом АСНОМ ќе се одржи ЈАВНА РАСПРАВА за неопходноста за довршување на проектот „Подобар живот за децата од пограничниот регион“

Соопштенија - Категорија-Минати соопштенија

 

СООПШТЕНИЕ

Општина Делчево им соопштува на  граѓаните  на општина Делчево дека на ден 19.05.2014 година (понеделник) со почеток во 13 часот, во салата на Спомен дом АСНОМ ќе се одржи ЈАВНА РАСПРАВА по основен проект: „Реконструкција на постоечки кров и доградба на детска градинка „ Весели Цветови„ Делчево . На јавната расправа претставници на општина Делчево ќе вршат  опишување на  проектот и  објаснување на условите за негово финансирање.

 

ОПШТИНА   ДЕЛЧЕВО
Градоначалник
Дарко  Шехтански

Соопштенија - Категорија-Минати соопштенија

Поради големиот износ на финансиски сретства кои се потребни за транспорт на телото на неодамна трагично починатиот 23-годишен сограѓанин од Делчево, Дарко Миленковски, општина  Делчево и Градоначалникот Горан Малешевски објавува јавен апел за донирање на финансиски сретства од граѓаните на општина Делчево, во рамки на нивните сопствени можности.

Финансиските сретства ке можат да се уплаќаат на жиро с-тка на името на Мирко Миленковски, бројот е 2 0000 125 397 1081, депонент Стопанска банка. или пак на двата отворени пунктови во централното градско подрачје во Делчево  кои што општина Делчево ги има поставено.

Општина Делчево

Градоначалник

Горан Малешевски

Соопштенија - Категорија-Минати соопштенија

alt

Информација за одржување на Јавна расправа по Студија  за оцена на влијаниe врз животната средина за проектот “Изградба на автопат М-5 на делница, граничен премин на Република Бугарија (Црна Скала) - Делчево - Виница - Кочани - Штип - Велес “ 

Министерството за животна средина и просторно планирање ја известува заинтересираната јавност дека инвеститорот Агенција за државни патишта, со седиште на ул. “Даме Груев” бр.14 - Скопје, ja достави Студијата за оцена на влијание врз животната средина на проектот “Изградба на автопат М-5 на делница, граничен премин на Република Бугарија (Црна Скала) - Делчево - Виница - Кочани - Штип - Велес” и истата е достапна за увид .

Јавните расправи по Студијата  за оцена на влијание врз животната средина за проектот: “Изградба на автопат М-5 на делница, граничен премин на Република Бугарија (Црна Скала) - Делчево - Виница - Кочани - Штип - Велес “ ќе се одржат на:

-           21 февруари 2012 година  (втроник), во  Прес салата на општина Велес  со почеток во 10.00 часот.

-           21 февруари 2012 година (втроник) , во Големата сала на Општина Свети Николе со почеток во 15.00 часот.

-           22 февруари 2012 година (среда) , во мала сала до Совет на Општина Штип со почеток во 11.00 часот.

-           22 февруари 2012 година (среда) , во сала на Совет на Општина Кочани со почеток во 15.00 часот.

-           24 февруари 2012 година (петок) , во спомен домот АСНОМ во сала за состаноци во Општина Делчево со почеток во 12.30 часот.


Контакт лица:

Сашка Богданова

Агенција за државни патишта

ул. “Даме Груев“ бр.14 Скопје

тел: 02 3 188 044 фак: 02 3 220 535

е-маил:   Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите


 Ленче Јанева - експерт за оцена на влијание врз животната средина

тел: 076446883  email:   Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите


Зоран Бошев

Министерство за животна средина и просторнио планирање – Скопје, Зграда на Македонска Радио Телевизија, 11 кат канцеларија бр. 1122

тел: 076-445-894

е-маил:  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите


Билјана Спироска

Министерство за животна средина и просторнио планирање – Скопје, Зграда на Македонска Радио Телевизија, 11 кат канцеларија бр. 1127

тел: 02 3 251 466

е-маил: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите


 Сашо Секуловски

 

Министерство за животна средина и просторно планирање - Скопје              

Канцеларија за комуникација со јавноста

ул. "III Македонска бригада" бр.10а

е-маил:  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Соопштенија - Категорија-Минати соопштенија

Се информираат членовите и претседателството на У.З. на III-ти реон во Делчево дека на ден 06.02.2012 година (понеделник), со почеток во 18.00 часот ке одржат редовна седница во Задружниот дом во оваа населба.

Делчево, 03.01.2012 год.

Претседател на УЗ на III-ти реон

Кире Цоневски

Последни актуелни информации

Објавено на 04 Март 2020, 15.15 од Д.Чапевски
-36------ Советниците на денешната редовна 36 Седница на Советот го усвоија Заклучокот за извршувањето на Буџетот за последниот квартал за 2019  кој изнесува 87,5%, односно од вкупно планираните приходи од...
Објавено на 04 Март 2020, 09.45 од Д.Чапевски
2020-03-04-08-47-01 Девет нови контејнери, денеска се поставија во најоддалеченото село во Општина Делчево, Разловци, со што за прв пат ова село добива садови за собирање комунален отпад. Локациите каде се поставени...
Објавено на 04 Март 2020, 09.15 од Д.Чапевски
2020-03-04-08-42-29 Општина Делчево е дел од заедничката Програма на Советот на Европа и ЕУ, РОМАКТЕД, што значи Програма за промовирање добро владеење и зајакнување на Ромите на локално ниво“. Програмата е наменета за...
Објавено на 02 Март 2020, 11.50 од Д.Чапевски
2020-03-02-10-54-56  Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, денеска во Владата на РСМ заедно со градоначалниците од 80 општини и градот Скопје, го потпиша Меморандумот за разбирање со општините за...
Објавено на 27 Февруари 2020, 14.02 од Д.Чапевски
2020-02-27-13-04-45 Согласно со насоките од Генералниот секретаријат од Владата на Република Северна Македонија, Општина Делчево ги известува сите вработени во Општина Делчево и локалните институции и претпријатија,...
Објавено на 27 Февруари 2020, 12.24 од Д.Чапевски
2020-02-27-11-39-38 Врз основа на член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на РМ бр.199/2014,42/2015,44/2015,193/2015,31/16,163/16 и 64/18), Градоначалникот на Општина Делчево го донесува...
Објавено на 26 Февруари 2020, 14.43 од Д.Чапевски
----36------- Врз основа на член 39 став 2 ичлен 48 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 5/2002), како и член 25 став 2 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“...
Објавено на 25 Февруари 2020, 13.15 од Д.Чапевски
2020-02-25-12-16-56 Наставници од трите образовни институции од градот денеска присуствуваа на обуката за родова сензибилизација на наставниот кадар организирана од Општина Делчево и Комисијата за еднакви можности меѓу...
Објавено на 24 Февруари 2020, 11.42 од Д.Чапевски
2020-02-24-10-45-09 Кои се надлежностите на една опшптина, дали има екопатроли, каде ќе се наоѓа филтер- станицата за вода во Делчево и како изгледа еден работен ден на градоначалникот, беа само дел од прашањата што ги...
Објавено на 24 Февруари 2020, 08.35 од Д.Чапевски
2020-02-24-07-36-21 Согласно со Програмата за еднакви можности на жените и мажите на Општина Делчево и работа на КЕМ за 2020 година, Комисијата за еднакви можности на жените и мажите при Советот на Општина Делчево,...
Објавено на 23 Февруари 2020, 12.15 од Д.Чапевски
-76-    Планинари од Делчево, Берово и Пехчево, заедно со претставници од институции и здруженија на граѓани од Делчево и соседните општини учествуваа на планинарскиот марш на планината Голак...
Објавено на 21 Февруари 2020, 13.27 од Д.Чапевски
2020-02-21-12-29-33 Учениците и наставниците од ООУ „Ванчо Прке“ во соработка со Јавната локална библиотека „Илинден“ денеска го одбележаа Светскиот ден на мајчиниот јазик. По тој повод беше одржана  пригодна културна...
Објавено на 21 Февруари 2020, 09.32 од Д.Чапевски
2020-02-21-08-35-28  Екипи на ЈКП „Брегалница“ деновиве активно работат на расчистување на селските гробишта во селата Тработивиште и Разловци. Покрај редовните активности за редовно чистење и одржување на јавните...
Објавено на 20 Февруари 2020, 09.27 од Д.Чапевски
2020-02-20-08-29-26 Прв пат по повеќе од една деценија, набавени се нови садови за отпад во Општина Делчево. За подобрување на состојбата со управување на отпадот, Општина Делчево набави 23 контејнери вредни 371.000...
Објавено на 18 Февруари 2020, 13.39 од Д.Чапевски
2020-02-18-12-41-17 Единицата за управување со проектот „Водоснабдување на Делчево“ на својот шести состанок ги даде проекциите за реализација на инфраструктурниот дел од проектот. На состанокот главна тема беше...
Објавено на 18 Февруари 2020, 08.06 од Д.Чапевски
------76---- По повод 76-годишнината од Февруарскиот поход, Општина Делчево организира планинарски марш до планината Голак на ден 23.02.2020. За таа цел, Општина Делчево  ги повикува граѓаните, здруженијата,...
Објавено на 14 Февруари 2020, 12.00 од Д.Чапевски
2020-02-14-11-02-59  Интензивно се работи на изградбата на пристапните рампи на првиот пешачки мост на реката Брегалница. Согласно со проектот, пристапните рампи на пешачкиот мост се составени од пешачка рампа и скали...
Објавено на 13 Февруари 2020, 14.00 од Д.Чапевски
2020-02-13-13-05-55 Со изградба на кровната конструкција, денеска започна втората фаза од доизградбата на соборниот храм „Свети Кирил и Методиј“ во Делчево. Работите треба да завршат за два месеци, а средствата за...
Објавено на 12 Февруари 2020, 14.05 од Д.Чапевски
2020-02-12-13-06-50 Во рамките на Програмата за изградба на нови објекти и за реконструкција, санација и адаптација на постојните објекти што ги користат националните установи од областа на културата за 2020 година,...
Објавено на 11 Февруари 2020, 11.52 од Д.Чапевски
2020-02-11-10-54-46 Во работна посета на Општина Делчево денеска престојува заменик- амбасадорот на Сојузна Република Германија во земјава, Ото Граф, при што беше остварена средба со градоначалникот Горан Трајковски....

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес566
mod_vvisit_counterВчера547
mod_vvisit_counterОваа недела1113
mod_vvisit_counterПретходна недела1885
mod_vvisit_counterОвој месец6024
mod_vvisit_counterПретходен месец13040
mod_vvisit_counterВкупно3576977

Присутни online: 15
Ваша IP: 3.235.179.79
,
Денес: Јун 15, 2021