Општина Делчево преку Проектот за подобрување на општинските услуги, финансиран со заем од Светска банка, обезбеди финансиски средства за реализација на под-проектот „ Доградба на градинка Весели Цветови во во општина Делчево“.

Имплементацијата на проектот предвидено е да трае 12 месеци.

Проектот предвидува : изградба на нови 4 училници со тоалети,изградба на ходници помеѓу игралните за комуникација помеѓу училниците и игралните како и изградба на помошни простории за сервисни услуги од типот на перална и сушална. Доградбата ќе вклучува и нова фасада со термо-изолациски карактеристики како и инсталација на подно греење во новите училници и инсталација на систем за соларно греење.

 Подетални информации околу самиот под-проект се презентирани во  PAD документот кои во електронска форма може да ги пронајдете на следниов линк:

  1. PROJECT APPRAISAL DOCUMENT (PAD) - DELCEVO

или пак директно може да го  контактирате  лицето:

Share/Save/Bookmark