Демографија

Печати

Според Пописот во 2002 година во општина Делчево живеат 17.505 жители, од кои 11.536 или 66% во општинскиот центар, т.е. градот Делчево. Просечната густина на населеност е 42,5 жители/km2, што е под просекот на Република Македонија од 78,8 жители/km2.
Има 22 населени места со население според следната динамика: 

 Делчево  11536
 Бигла  275
 Ветрен  114
 Вирче  494
 Вратиславци  36
 Габрово  799
 Град  529
 Драмче  277
 Ѕвегор  882
 Илиово  127
 Киселица  35
 Косово Дабје  21
 Нов Истевник  138
 Очипала  92
 Полето  194
 Разловци  831
 Селник  27
 Стар Истевник  67
 Тработивиште  530
 Турија  103
 Чифлик  53
 Стамер  345
 Вкупно  17505
Домаќинства: 5568
Просечен број на членови на домаќинства: 3,1
Станови (сите видови на живеалишта): 7163
Извор: Статистички годишник на РМ, 2005 

 

Стапката на пораст на населението во периодот 1994 – 2002 изнесува – 0,16, што е помалку од просекот на Републиката, кој изнесува 0,48. 
Просечната возраст на населението во општина Делчево изнесува 36,8 години, а индексот на стареење е 0,414.
Вкупно населени во општина Делчево според половата структура е 51% мажи и 49% жени.
Стапката на писменост изнесува 96,9%.

Вкупно население во општина Делчево според образовна структура: 

Вкупно население во општина Делчево според национална припадност: 

Густината на населеност во општината  изнесува 42 жители на 1 km²  и  е за 1,8  пати помала од просечната густина во Република Македонија. 
Од анализа  на структура на населението е утврдено дека  учеството  на  работоспособнто население  и  младото население е повисоко во градот во  однос  на руралните  средини. Просечното учество на младата популација на ниво на општината од  27,6%  упатува на поволни можности  што ги нудат човечките ресурси, како фактор за остварување на идниот економски развој. Согласно  планските предвидувања, населението  во градот  е зголемено во 2010  година, во однос на 1994 година за 13,7 % ,  а во 2020 година за 29,8 % . Порастот на руралното население ќе биде со побавно темпо  и за претходно наведените реперни години  зголемувањето ќе изнесува 11,5 %  односно 15,7%  соодветно.
Share/Save/Bookmark