Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Општина Делчево ги презентираше резултатите од проектот Добар почеток на локална конференција во Скопје

Печати PDF

IMG 0018_resize

Во четврток 19.04.2012 година во Хотел Континентал во Скопје се одржа локалната конференција Добар почеток "Со подршка на Европската унија", на која општина Делчево ги презентираше резултатите од процесот на реализацијата на проектот Добар почеток, кој што тековно се спроведува во општината од јуни 2010 година, а чија имплементација ке трае до јуни 2012 година. 

На оваа панел конференција со завршна општа дискусија и прашања, покрај претставникот на општина Делчево, со свои презентации учествуваа и Неждет Мустафа-Министер без ресор во Владата на Република Македонија, Ибрахим Ибрахими-Заменик министерот за труд и социјална политика,  Силвиа Палаги-Програмски менаџер на проектот, Градоначалникот на општина Виница,  Претставник од општина Шуто Оризари, каде исто така се спроведуваше овој проект, и претставниците на партнерските граѓански организации кои што се соработници во реализацијата на проектните активности на овој проект.

IMG 0028_resize

Исто така со свои презентации се претставија стручни консултанти од Министерството за труд и социјална политика и претставник на Фондацијата "Чекор по чекор" од Скопје.

Во повеке наврати се објавувани информации на нашиот веб портал за значењето, улогата и сите карактеристики на проектот Добар почеток и истите од тие причини нема да бидат предмет на информација сега.

Во продолжение е објавена презентацијата, која беше дискутирана во рамки на конференцијата.

 

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес323
mod_vvisit_counterВчера680
mod_vvisit_counterОваа недела1986
mod_vvisit_counterПретходна недела4222
mod_vvisit_counterОвој месец11466
mod_vvisit_counterПретходен месец12072
mod_vvisit_counterВкупно3508329

Присутни online: 5
Ваша IP: 3.239.40.250
,
Денес: Јан 21, 2021