Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

"Оро се вие кај манастирот 2012"-регионален бренд на Источен плански регион на Р.М. и Општина Делчево

Печати PDF

Фотографијата е превземена од минатогодишниот настан

Општина Делчево во соработка со Центарот за развој на Источен плански регион, Штип на 20.04.2012 година(петок) на верскиот празник Источен Петок Балаклија, организира Промотивен ден на Источен плански регион во Делчево, со почеток во 11:00 часот.

Настанот ќе се одржи во манастирскиот комплекс „Св. Богородица Балаклија“, Делчево каде 11 општини од Источниот плански регион (Делчево, Берово, Виница, Пехчево, Македонска Каменица, Кочани, Чешиново-Облешево, Зрновци, Штип, Пробиштип и Карбинци) на штандови ќе ги претстават своите културни, социјални, економски, образовни и гастрономски карактеристики пред жителите на општина Делчево.

Во рамките на овој настан ќе се одржи и фестивалот на изворна музика „Оро се вие кај манастирот“, кој се организира во соработка со Центарот за култура „Н.Ј.Вапцаров“, Делчево и ЗФГ „Копачка“, с.Драмче, Делчево. Културниот дел од програмата се одвива во рамки на манифестацијата "100 настани за 100 години град" и одбележувањето на 100 годишнината од прогласувањето на тогашното Царево село за градска управа.

Традиционално како и секоја година Македонската православна црква, црквата Св.Богородица - Делчево, на овој ден организира собор  со богослужба, литургија и делење на ручек.

По иницијатива на Градоначалникот Горан Малешевски овој културно-верски и промотивен настан се одржува за првпат во општина Делчево на вака високо ниво, во рамки на регионалната културна и промотивна размена меѓу општините во Источниот плански регион, која што беше подготвена и организирана од страна на Центарот за подршка во Штип.

Постојаната организациска градација во изминатите три години и унапредувањето и збогатувањето на содржините поврзани со овој настан, допринесоа за уникатно негово етаблирање, кој ги содржи сите белези на автентичен препознатлив бренд на општина Делчево. Одвивајки се во прекрасен природен амбиент, култивиран со божественоста на манастирот посветен на Св.Богородица, опкружен со допирот на традиционалниот градителски раскош и убавина, ова место и овој настан едноставно не смеат да се пропуштат, а за тоа сведочи и константната посетеност на истиот од над 3000 посетители.

Истовремено оваа година традиционалниот собор по повод верскиот празник Источен Петок Балаклија кој се реализира со децении назад, кај истоимениот манастирски комплекс од страна на МПЦ-Вардарска епархија, Архиерејско намесништво од Делчево,  добива и културно-туристичка меѓународна димензија која што претставува уште едно скалило погоре за афирмацијата и унапредувањето на овој празник, општина Делчево и целиот регион. ЕЛС Делчево  целосно е вклучена со сите свои организациони, плански и логистички  капацитети во реализацијата на овој настан, кој веке добива свое заслужено место на картата на значајни културни афирмативни настани во Република Македонија.

ПРОГРАМА ЗА НАСТАНОТ

11:00-15:00

Штандовско претставување на општините од регионот

13:00-13:10

Отворање на фестивалот „Оро се вие кај манастирот“

13:10-13:30

Настап на КУД „Весели пензионери“, Пробиштип

13:30-13:50

Настап на КУД „Вера Јоциќ“, Македонска Каменица

13:50-14:10

Настап на Фолклорна група од село Логодаж, Република Бугарија

14:10-14:30

Настап на фолклорна група при центар за култура „Н.Ј.Вапцаров“, Делчево

14:30-15:00

Настап на ЗФГ „Копачка“, с.Драмче, Делчево

15:00-

Делење на ручек

 Повеке информации од минатогодишното одбележување на овој настан се достапни на сл. линк тука а видео снимка од истиот настан може да се погледне на сл. линк тука.

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес317
mod_vvisit_counterВчера680
mod_vvisit_counterОваа недела1980
mod_vvisit_counterПретходна недела4222
mod_vvisit_counterОвој месец11460
mod_vvisit_counterПретходен месец12072
mod_vvisit_counterВкупно3508323

Присутни online: 8
Ваша IP: 3.239.40.250
,
Денес: Јан 21, 2021