Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

ВЕЛИГДЕНСКИ ПРАЗНУВАЊА 2012

Печати PDF

Pokana veligdenski_praznuvanja

Pokana veligdenski_praznuvanja1

Општина Делчево во соработка со локалните училишта ООУ „Ванчо Прке“, ООУ „Св.Климент Охридски“, СОУ „М.М.Брицо“, детската градинка „Весели цветови“, локалната библиотека „Илинден“, центарот за култура „Н.Ј.Вапцаров“, ЗРА „Пијанечки глас“ и КУД „Гоце Делчев“, организира прослава по повод големиот христијански празник Велигден.

Настанот ќе се одржи на 12 април (четврток) 2012 година со почеток во 10 часот во фоајето и салата во Спомен дом АСНОМ.

Програмата за прослава на Велигден 2012 е составена од:

  1. Традиционална Велигденска изложба на јајца, која има продажен карактер со времетраење од 10:00-16:00 часот
  2. Ликовна изложба на дела од ученици во локалните училишта на тема Велигден, која исто така има продажен карактер со времетраење од 10:00-16:00 часот
  3. Културно-уметничка програма со времетраење од 10:00-12:35 часот

Собраните средства од продажбата на јајца и ликовни дела ќе се донираат во добротворни цели.

Оваа манифестација традиционално се одржува секоја година пред големиот христијански празник Велигден, а оваа година како и минатата по иницијатива на градоначалникот Горан Малешевски, се одржува под мотото "100 настани за 100 години град" во рамки на одбележувањето на јубилејот кој што оваа година општина Делчево го одбележува во чест на прогласувањето на тогашното Царево село во 1912 година, за градска управа, од страна на тогашниот српски владетел.

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес340
mod_vvisit_counterВчера680
mod_vvisit_counterОваа недела2003
mod_vvisit_counterПретходна недела4222
mod_vvisit_counterОвој месец11483
mod_vvisit_counterПретходен месец12072
mod_vvisit_counterВкупно3508346

Присутни online: 9
Ваша IP: 3.239.40.250
,
Денес: Јан 21, 2021