Врз основа на постапката за доделување на правото за организирање на Кошаркарскиот куп за жени, во организација на Кошаркарската федерација на Република Македонија, Кошаркарскиот клуб Клубски од Делчево се стекна со ова право и ке биде организатор на ова престижно натпреварување од национално значење на 7 и 8 април (сабота и недела) во спортската сала во дворот на СОУ ММ Брицо во Делчево.
Кошаркарскиот клуб Клубски од Делчево како единствен пријавен за лицитирање во рамки на оваа постапка, се стекна со обврската да го организира овој турнир, кој се очекува да даде особен бенефит во афирмацијата на спортот во целост како во општина Делчево, така и во национални рамки, но и афирмација на општината помеѓу спортските работници и воопшто во Република Македонија.
На официјалното доделување на правото за организирање на овој куп, беше присутен и Градоначалникот на општина Делчево, г-дин Горан Малешевски, во просториите на КФМ.
Распоредот на натпреварите е даден во сл. графички приказ.
Со оглед на атмосферата која се создава на трибините на секој кошаркарски натпревар во рамки на Првата кошаркарска лига во која настапува тимот на КК Клубски од Делчево, за 7 и 8-ми април се најавува величествена атмосфера во салата при Средното општинско училиште Методи Митевски Брицо. Влезот за натпреварите за сите посетители ке биде бесплатен.
Фото материјалите во оваа статија се превземени од официјалниот веб сајт на КФМ www.bascetball.org.mk.
Истите се сопственост на КФМ, а општина Делчево само ги реемитува.