Програмата "Форуми во заедницата" на швајцарската агенција за развој и соработка ке се спроведува во Делчево



Во понеделник 27.02.2012 година во просториите на општина Делчево се одржа работен состанок во рамки на соработката воспоставена помеѓу општина Делчево и Швајцарската агенција за Развој и Соработка во Република Македонија.

На состанокот присуствува Кристина Хаџи-Василева-менаџер на одделот за координација со форумите, г-динот Ибраим Мехмети-национален координатор на проектот во Амбасадата на Швајцарија, претставници од општина Делчево во присуство на претставници на Бизнис заедницата и претставници на граѓанскиот сектор во општина Делчево. Овој состанок се одржа во корелација на неодамнешната апликација која што општина Делчево ја поднесе до оваа организација, и истата беше првично позитивно оценета од страна на претпоставената комисија.
Овој проект доаѓа како логично продолжување на ангажманот на општинската администрација од изминатите две години на создавање и активна работа си сите месни и урбани заедници, создавањето на форумот на истите, формираниот форум на бизнис заедницата во Делчево и формираниот форум на граѓански организации, како прва фаза на воспоставување на сегментирана и директна соработка на сите нивоа во општина Делчево.
Преку проектот Форуми на заедницата на Швајцарската агенција за Развој и Соработка се подразбира создавање на едно пошироко работно тело во чии што рамки ке бидат дефинирани приоритетните проекти за реализација од страна на самите граѓани. Овој проект подразбира и финансиска конструкција која е одредена на 4 800 000, оо денари со рамноправно учество на општина Делчево и Швајцарската агенција.
Имплементацијата на проектот се очекува да биде кон почетокот на месец мај оваа година, и во рок од шест месеци да бидат дефинирани приоритетните проекти, кои што потоа ке се реализираат во периодот што следува.