Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Одржан состанок во врска со имплементацијата на проектот "Добар почеток"

Печати PDF

Во понеделник 27.02.2012 година во општина Делчево се одржа работен состанок во рамки на имплементацијата на проектот "Добар почеток", што општина Делчево го имплементираше во изминатиот период  во соработка со Ромскиот едукативен фонд од Будимпешта, Романија. На состанокот се разговараше  за евалуационите одредби за проектот, како и мерките и можностите за одржливост во иднина на истиот.

Овој проект се однесува на поголема инклузија на децата роми од општина Делчево во рамки на предучилишното образование, како и подобрување на стандардот и условите на дечињата во детската градинка Весели цветови во Делчево.

 

Со проектните активности на овој проект беше предвидено замена на дел од прозорите и вратите  на детската градинка, транспорт за децата од ромска припадност од руралните средини до Делчево како и бесплатно вклучување на децата роми од Делчево во предучилишното образование.

Во одржливите одредби на овој проект, на состанокот беше нагласено, значењето на истиот, од повеќе причини, особено поради тоа што родителите на овие деца вклучени во предучилишното образование, сега со овој проект, полесно ке можат да побараат работа, која што во голема мерка ке го подобри досегашниот нивен домашен скромен буџет.

Овој проект претходи на проектот за доградба на просторните капацитети на Детската градинка во Делчево, кој ке се реализира во 2012 година, со сретства обезбедени од страна на општина Делчево, кој е повеќе од потребен, имајки го предвид фактот, дека постојните капацитети не ги задоволуваат потребите на општината.

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес340
mod_vvisit_counterВчера680
mod_vvisit_counterОваа недела2003
mod_vvisit_counterПретходна недела4222
mod_vvisit_counterОвој месец11483
mod_vvisit_counterПретходен месец12072
mod_vvisit_counterВкупно3508346

Присутни online: 7
Ваша IP: 3.239.40.250
,
Денес: Јан 21, 2021