Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Соопштение за донесена Одлука за спроведување на стратегиска оцена

Печати PDF

Врз основа на член 65 став 6 од Законот за животна средина Градоначалникот на општина Делчево на 24.12.2012 година донесе

Одлука за спроведување на стратегиска оцена

Интегралниот текст на оваа одлука може да се превземе на сл. линк   тука.

Неопходниот формулар SEA врз основа на чии што податоци градоначалникот ја има донесено оваа одлука е достапен на сл. линк   тука.

Графичкиот приказ за локацијата и обемот на локацијата за која се донесува одлуката за спроведувањето на стратегиската оцена е достапен на сл. линк   тука.

Оваа одлука се однесува на влијанието на градежните објекти кои се предвидени за изградба на оваа локација, по однос на животната средина по однос на повеќе параметри:

  • Степен на изграденост на комунална, 
  • сообраќајна и енергетска инфраструктура во рамките на планскиот опфат и можност за целосна покриеност на планираните објекти со оваа инфраструктура, 
  • класа на земјоделско земјиште и последици од негова пренамена во градежно врз локалниот развој, 
  • потенцијално загадување на воздухот од сообраќајот и ложишта на фосилно гориво во рамките на планираните објекти од незагадувачка индустрија,
  •  управување со отпад, испуштање на технолошки, 
  • санитарни и атмосферски отпадни води, 
  • бучава итн.

Оваа локација се наоѓа во рамки на опфатот на ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА „У.Е. 2“ Дел од Блок 2.1, Дел од Локалитет „СЕРВИСНА ЗОНА“, Општина Делчево – (2011-2016 год), а како засегнати страни со имплементацијата на овој плански документ се следните чинители:

  • Жители во зоната лоцирана на југозапад од локацијата, 
  • сопствениците на земјиштето во рамките на сервисната зона, 
  • ЈПКД Делчево, 
  • членови на Советот на општина Делчево, 
  • невладини организации и здруженија на грaѓани и 
  • други заинтересирани страни. 

Ова соопштение е дел од постапката за утврдување на извештајот за стратегиската оцена на оваа локацаија, предвидена со наведениот закон.

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес354
mod_vvisit_counterВчера680
mod_vvisit_counterОваа недела2017
mod_vvisit_counterПретходна недела4222
mod_vvisit_counterОвој месец11497
mod_vvisit_counterПретходен месец12072
mod_vvisit_counterВкупно3508360

Присутни online: 6
Ваша IP: 3.239.40.250
,
Денес: Јан 21, 2021