Во вторник 21.02.2012 година, саменик амбасадорот Валтер Лојкс, во придружба на првиот секретар Франк Штосел од амбасадата на Сојузна Република Германија во Република Македонија, донираа медицински апарат-Електро-кардиограф (ЕКГ) во Здравниот дом Гоце Делчев во Делчево.
Донацијата на овој апарат следува по комуникацијата која се одвиваше подолг временски период во изминатата година, помеѓу директорот на оваа здравствена установа и претставниците на германската амбасада, во рамки на програмските активности на ова дипломатско претставништво во РМ:
Овој медицински апарат во вредност од околу 140.000,00 мкд е добредојден за потребите на нормално функционирање на здравствените работници во здравниот дом.
Исто така во рамки на посетата заменик амбасадорот Лојкс со неговите соработници, накратко се запознаа со просторно-техничките услови во кои работи персоналот на здравниот дом, а во рамки на официјалните разговори со претставници на општина Делчево, се изрази подготвеност за поголем број на идни активности за соработка, пред се на културен план.