Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Доделени решенијата за годинешните стипендисти од општина Делчево

Печати PDF

Во понеделник 20.02.2012 година во кабинетот на градоначалникот на општина Делчево, г-дин Горан Малешевски свечено беа доделени Решенијата за доделување на стипендии за ученици од СОУ ММ Брицо, како и студенти на македонските универзитети.

Решенијата ги додели Претседателот на Советот на општина Делчево г-дин Николче Трајановски, кој пред присутните ги истакна мотивите за постојаното зголемување на бројот на стипендиите од година во година. Исто така од името на учениците и наставниот кадар од СОУ ММ Брицо потребата за вакви и слични мерки ја истакна Директорот на оваа средношколска унституција г-динот Митко Антовски, кој ја поздрави оваа мерка и изрази очекување дека истата ке продолжи и во иднина.

 

Оваа година со одлука на Советот на општина Делчево, а по иницијатива на градоначалникот бројот на стипендиите од минатогодишните осум стипендии за учениците во СОУ ММ Брицо и осум стипендии за студенти на македонските универзитети, се зголеми бројот на доделени стипендии за учебната 2011-2012  година.

Со решение на градоначалникот оваа учебна година се доделуваат 10 стипендии за ученици од Делчево во СОУ ММ Брицо, како и 10 стипендии за студенти од Делчево кои студираат на универзитетите во Република Македонија.

Со ова мерка се исполнува програмската определба на градоначалникот Малешевски за континуирано зголемување на подршката за образованието во општина Делчево, во голема мера, покрај останатите мерки кои општинската администрација ги спроведува и ги воведе во изминатиот период.

Студенти кои оваа учебна 2011-2012 година  добија стипендија се сл.

  1. Марија Узунска
  2. Рената Енѓовска
  3. Леа Хари
  4. Љупка Вучковска
  5. Симона Милчевска
  6. Кристина Десподовска
  7. Христина Тодоровска
  8. Благој Милевски
  9. Аните Георгиевска
  10. Васко Стоименовски

Ученици во СОУ ММ Брицо кои добија стипендии се сл.

  1. Моника Соколова
  2. Елена Боинска
  3. Ангела Узунска
  4. Тодор Илиевски
  5. Анѓела Мицевска
  6. Наталија Алексова
  7. Емилија Бојчовска
  8. Бојана Златкова
  9. Габриела Захариева
  10. Ана Дончовска

Како критериуми за доделување на стипендиите покрај успехот, беше и семејно-материјалната положба на учениците т.е. студентите.

Ваквата практика за подршка, преку оваа како и редица на други мерки ке продолжи да се спроведува и во иднина, во интерес на развојот, промоцијата и подршката на образованието во општина Делчево.

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес330
mod_vvisit_counterВчера680
mod_vvisit_counterОваа недела1993
mod_vvisit_counterПретходна недела4222
mod_vvisit_counterОвој месец11473
mod_vvisit_counterПретходен месец12072
mod_vvisit_counterВкупно3508336

Присутни online: 7
Ваша IP: 3.239.40.250
,
Денес: Јан 21, 2021