Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Одржани две јавни презентации за детални урбанистички планови за Урбана единица 3

Печати PDF

 

На ден 09.02.2012 година беа одржани две јавни презентации за следните Нацрт-детални урбанистички планови:

1. Нацрт-детален урбанистички план за Урбана единица 3, дел од блок 3.1 од ГУП Делчево-Општина Делчево, кој е дефиниран со следниве граници:

-север (од исток кон запад): границата на планот се движи по северните граници на к.п. бр. 6061, к.п. бр. 6062, к.п. бр. 6008 и по осовини на општински пат -7 (Делчево-с.Бигла-с.Турија) до ендек (к.п. бр.8980)

-исток (од југ кон север): границата продолжува по источните граници на к.п. бр.6233, к.п. бр. 6231, к.п. бр. 6229/1, к.п.бр. 6229/2, к.п. бр. 607, к.п. бр. 6062/2, к.п. бр.6061

-југ (од исток кон запад): границата продолжува по јужните граници на к.п. бр.6231, к.п. бр. 6233, к.п. бр. 3090, к.п. бр.3089, до спој со осовина на регионален пат Р-522 (Делчево-Голак), к.п. бр.3080/1, до ендек (к.п. бр.5041)

-запад (од југ кон север) по западните граници на к.п. бр. 3080/1, к.п. бр. 6101, к.п. бр.6100, к.п. бр.6068 до осовина на општински пат -7 (Делчево-с.Бигла-с.Турија).

IMG 0011_resize 

   За нацрт-детален урбанистички план за Урбана единица 3, дел од блок 3.1 беше претставена законската регулатива врз основа на која е изработен планот, претставени беа и намените на земјиштето кои се: верски објекти со гробишта (капела, трпезарија......), застапени во поголем процент и домување и лесна индустрија (застапени во мал процент) и површина која ја зафаќаат истите како и нивното меѓусебно сообраќајно поврзување со цел да се добие одредена физиономија на просторот и урбанистичко уредување.

Од одржувањето на јавната презентација е отворена и јавната анкета со период на траење од 10 (десет) работни дена преку која граѓаните на анкетни ливчиња ќе можат да дадат забелешки и предлози, и да ги достават до Одделението за урбанизам, одржување и уредување на градежно земјиште и заштита на животна средина.

2. Нацрт-детален урбанистички план за Урбана единица 3, дел од блок 3.2 од ГУП Делчево-Општина Делчево, кој е дефиниран со следниве граници:

-југ-осовина на ул.„МХ Јасмин“ (крак 1) од спој со ул.„М.Тито“ до спој со новопредвидена крстосница со ул.„Острец“

-запад- осовина на ул.„МХ Јасмин“од спој со новопредвидена крстосница со ул.„Острец“ до спој со новопроектирана улица1

-север-осовина на новопроектирана улица1 до спој со ул.„МХ Јасмин (крак 1) со ул.„М.Тито“-(пат Делечво-Голак)

-запад-спој на новопредвидена улица 1 до спој со ул.„МХ Јасмин“ (крак 1) со ул.„М.Тито“ и ул.„Индустриска“.

  IMG 0009_resize На втората презентација исто така беше појаснета законската регулатива врз основа на која е изработен овој нацрт-детален урбанистички план за Урбана единица 3, дел од блок 3.2, претставени беа намените на земјиштето и начинот преку кој ќе се обезбедат услови за изградба на повеќенаменско спортско игралиште, а воедно ќе се изврши усогласување на сообраќајната мрежа согласно важечкиот ГУП.

Од одржувањето на јавната презентација е отворена и јавната анкета со период на траење од 10 (десет) работни дена преку која граѓаните на анкетни ливчиња ќе можат да дадат забелешки и предлози, и да ги достават до Одделението за урбанизам, одржување и уредување на градежно земјиште и заштита на животна средина.

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес330
mod_vvisit_counterВчера680
mod_vvisit_counterОваа недела1993
mod_vvisit_counterПретходна недела4222
mod_vvisit_counterОвој месец11473
mod_vvisit_counterПретходен месец12072
mod_vvisit_counterВкупно3508336

Присутни online: 7
Ваша IP: 3.239.40.250
,
Денес: Јан 21, 2021