Општина Делчево во партнерство со општина Благоевград од Република Бугарија, во периодот мај 2011-мај 2012 година го спроведува проектот „Разумно искористување на еко ресурсите на планините Голак и Влаина“, кој е кофинансиран од Европската унија преку ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу нашата држава и Република Бугарија CCI 2007CB16IPO007.
Целта на проектот езголемен капацитет за одржливо користење на билките и шумските плодови во прекуграничниот регион, која ќе биде остварена преку спроведување на проектните активности, кои се насочени кон зголемување на знаењето на собирачите и откупувачите на билки и шумски плодови, со цел да се обезбеди нивно непотребно уништување.
Покрај другите активности во рамки на проектот е предвидено спроведување на 3(три) дводневни обуки за собирачите на билки и шумски плодови на тема: „Добри практики за собирање, примарно складирање и искористување на билки и шумски плодови“. Обуките ќе се спроведат во периодот февраури-април 2012 година.
За таа цел општина Делчево ги повикува сите заинтересирани собирачи на билки и шумски плодови на територијата на општина Делчево кои сакаат да бидат вклучени во обуките да се пријават во канцеларијата на проектот која се наоѓа во просториите на општина Делчево за да пополнат формулар за регистрација:
Соба бр.28, кај Асистентот на проектот Весна Николовска, телефон 033 411 550, 072 237 039.
Пријавувањето за обуките се врши до 16.02.2012 година до 16 часот.
Општина Делчево
Проект „Разумно искористување на еко ресурсите на планините Голак и Влаина“