Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Во Делчево одбележани 140 години од раѓањето на Гоце Делчев

Печати PDF

Со полагање на свежо цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев во Делчево, денеска (04.02.2012 година) беше одбележан јубилејот  140 години од раѓањето на еден од најголемите македонски револуционерни дејци од илинденскиот период, како и патрон на нашиот град.

 

Пред споменикот на Гоце, во чест на неговиот лик и дело се поклонија делегација на општина Делчево предводена од Градоначалникот на општината г-дин Горан Малешевски, делегации на јавни институции, политички партии и здруженија на граѓани, како и пратениците во Парламентот на Република Македонија, искажувајки ја својата длабока почит кон целокупниот придонес на овој великан за македонскиот народ, кој претставува светол патоказ за сите граѓани на Република Македонија.

 

Од страна на членовите на Културно-уметничкото друштво Гоце Делчев од Делчево беше прочитан пригоден реферат за ликот и делото на Гоце Делчев.

 

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес258
mod_vvisit_counterВчера436
mod_vvisit_counterОваа недела258
mod_vvisit_counterПретходна недела3525
mod_vvisit_counterОвој месец13263
mod_vvisit_counterПретходен месец12072
mod_vvisit_counterВкупно3510126

Присутни online: 2
Ваша IP: 3.227.247.17
,
Денес: Јан 25, 2021