Советот на општина Делчево на вонредна седница која се одржа во петок 03.02.2012 година со почеток во 14.30 часот, донесе ОДЛУКА за прекин на воспитно-образовната работа во основните училишта и средното општинско училиште во Општина Делчево.
Оваа одлука се донесува поради неповолните временски услови (обилни снежни врнежи и ниски температури), а прекинот на наставата ке биде во период од 06.02.2012 до 10.02.2012 .
Деновите од прекинот на наставата ќе бидат одработени до крајот на школската година, почнувајќи од месец март 2012 година, во неработни денови.