Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Свикување на Триесет и првата седница на Советот на Општина Делчево

Печати PDF

Врз основа на член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 5/2002) и член 35 став 1 точка 1 од Деловникот на Советот на Општина Делчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“ бр.16/2006), Претседателот на Советот на Општина Делчево на ден 27.01. 2012 година, донесе

РЕШЕНИЕ

за свикување на Триесет и првата  седница на

Советот на Општина Делчево

 Ја свикувам 31. седница на Советот на Општина Делчево за ден  02.02. 2012 година (четврток).

Седницата ќе се одржи во салата за седници на Совет во Спомен-Домот АСНОМ, со почеток во 13.00 часот.

За седницата го предлагам следниот

 

Дневен ред

                                      -Усвојување на Записникот од 30. седница на Советот на Општина Делчево

1. Предлог - Програма за работа на Советот на Општина Делчево за 2012 година;

Образлагач: Претседателот на Советот.

2. Заклучок за усвојување на извештајот за работата на ЈЛБ „Илинден“ – Делчево за 2011 година;

3. Заклучок за усвојување на Програмата за работа на ЈЛБ „Илинден“ – Делчево за 2012 година;0020

Образлагач: Зорица Манова – Директор на ЈЛБ „Илинден“ – Делчево.

4. Заклучок за усвојување на Извештајот за јавната безбедност и сообраќајот на патиштата на подрачјето на општина Делчево.

Образлагач: Горан Николовски – Командир на Полициска станица од општа надлежност – Делчево.

5. Заклучок за усвојување на Полугодишниот извештај за реализација на Годишната Програма за работа на ООУ „Ванчо Прке“ во учебната 2011/2012 година;

6. Заклучок за усвојување на Полугодишниот извештај за реализација на Годишната Програма за работа на СОУ „М.М.Брицо“ во учебната 2011/2012 година;

7. Предлог - Одлука за усвојување на Предлог-планот за запишување на ученици во  прва година во СОУ „М.М.Брицо“ за учебната 2012/2013;

Образлагач: Митко Антовски – Директор на СОУ „М.М.Брицо“ – Делчево.

8.Заклучок за усвојување на Полугодишниот извештај за реализација на Годишната Програма за работа на ООУ „Св. Климент Охридски“ во учебната 2011/2012 година;

9. Предлог - Одлука за финансиско обврзување на општина Делчево;

10. Предлог - Одлука за определување на средства за финансиско учество на општина Делчево во имплементација на проекти од регионално значење за 2012 година ;

Образлагач: Тони Стоименовски-Советник за ЛЕР

11.Предлог – Одлука за разрешување на член на НО на материјално-финансиското работење на ЈПКД „Брегалница“ – Делчево;

12.Предлог – Одлука за именување на член на НО на материјално-финансиското работење на ЈПКД „Брегалница“ – Делчево;

13.Предлог – Одлука за разрешување на член на УО на ЈПКД „Брегалница“ – Делчево;

14. Предлог – Одлука за именување на член на УО на ЈПКД „Брегалница“ – Делчево;

Образлагач: Николче Трајановски – Претседател на Советот на Општина Делчево

15.Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на намените на делот од к.п. бр. 4988/1 К.О. Делчево зафатен со Антенски столб  ЕВН - Македонија-Електронска комуникациска мрежа;

16. Предлог-Одлука за уредување на превозот во патниот сообраќај на подрачјето на општина Делчево;

Образлагач: Стојмир Мицевски-Самостоен референт за сообраќај и патишта.

17. Прашања и предлози на членови на Совет.

Присуството на членовите на Советот на Општина Делчево е задолжително, а секое отсуство потребно е да се пријави кај Претседателот на Советот на Општина Делчево.

 

Број 07-210/1

27.01. 2012 год.

Делчево

СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО

Претседател,

Николче Трајановски, с.р.

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес4
mod_vvisit_counterВчера259
mod_vvisit_counterОваа недела263
mod_vvisit_counterПретходна недела3525
mod_vvisit_counterОвој месец13268
mod_vvisit_counterПретходен месец12072
mod_vvisit_counterВкупно3510131

Присутни online: 2
Ваша IP: 3.227.247.17
,
Денес: Јан 26, 2021