Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Осветени водите на река Брегалница во Делчево

Печати PDF

Во четврток 19.01.2012 година во Делчево се одржа манифестацијата за осветување на водите на река Брегалница во чест на големиот христијански празник Водици, или многу попознат помеѓу народот како Богојавление. 

Со свечената литургија и фрлање на светиот крст во водите на река Брегалница од мостот во центарот на Делчево, чиноначелствуваше неговото првосвештенство архиерејски намесник протоереј Атанас Поповски од Делчево.

 

Најмногу среќа за да го прифати годинава светиот крст и да го извади од водата на Брегалница во Делчево, имаше Драганчо Георгиевски од населбата 3-ти реон во Делчево, коj скокал повеке пати по светиот крст во реката а ова му е втор пат да успее во овој подвиг прв да го подигне од водата. На присутните неколку илјади граѓани кои го следеа овој светол чин во центарот на Делчево, како и на сите граѓани кои го празнуваат овој празник, свештениците од архиерејското намесништво на Брагалничката епархија во Делчево, им посакаа успех, среќа и благодет за нив и нивните семејства, како и љубов, меѓусебна толеранција и почитување, во име на светиот дух на господ бог кој според првославното христијанство на овој светол ден му се јави на човештвото, во вид на гулаб кој слетал на рамото на синот господов, за прочистување на неговото тело и дух, во водите на Јордан. Кон честитките се придружи и градоначалникот на општина Делчево г-дин Горан Малешевски, кој од свое лично име и од името на општинската администрација, посака успешна година на сите полиња за сите граѓани на општина Делчево. Како и секоја година традиционално (со исклучок на минатата 2011 година) на најсрекниот учесник во манифестацијата кој го извади крстот од водите на Брегалница, градоначалникот ке му подари пригоден подарок.

Во градската црква Пресвета Богородица во Делчево, потоа беше поставен светиот крст пред кој граѓаните можеа да се поклонат, за здравје.

Бог се јави !

 

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес7
mod_vvisit_counterВчера259
mod_vvisit_counterОваа недела266
mod_vvisit_counterПретходна недела3525
mod_vvisit_counterОвој месец13271
mod_vvisit_counterПретходен месец12072
mod_vvisit_counterВкупно3510134

Присутни online: 4
Ваша IP: 3.227.247.17
,
Денес: Јан 26, 2021