По спроведувањето на минатогодишната пракса за остварување на ортопедските прегледи за сите заинтересирани граѓани на општина Делчево, проект кој што ЗГ „ Акција за млади-Делчево “го спроведува во соработка со градоначалникот на општина Делчево, Господин Горан Малешевски и останати заинтересирани правни и физички субјекти, и во 2012 година продолжува реализирањето на овој проект од огромно значење за граѓаните на општината.
Првиот ортопедски преглед за оваа година ке биде реализиран на 14 јануари во сабота во просториите на итната помош во здравствениот дом „ Гоце Делчев“ –Делчево со почеток во 10 часот.
Сите заинтересирани граѓани потребно е претходно да се пријават на телефонскиот број 075-321-397 со што ќе им биде одреден термин за остварување на нивниот ортопедски преглед како би ги одбегнале непотребните чекања и дефинирање на редоследот на прегледот.
За 2012 година предвидено е секоја прва сабота од месецот да бидат реализирани ортопедски прегледи, освен, ако не е поинаку известено преку јавните гласила во општината.
За успешно спроведување на овој проект потребна е и финансиска партиципација од страна на пациенттите за која цел ќе бидат наплаќани по 100 денари за партиципирање во намирување на обврските.