На 5-ти Јануари 2012 година во 01.00 часот по полноќ се роди првото новороденче во општина Делчево. Новороденото бебе е женско, за кое веќе неговите родители го соопштија и името Моника. Породувањето успешно е извршено во породилното одделение на ЈПЗУ Гоце Делчев од Делчево. Меѓу првите кои имаа можност да и честитаат принова на г-ѓа Весна Трајковска, беше и градоначалникот на општина Делчево г-дин Горан Малешевски, како и Претседателот на Советот на општина Делчево, г-дин Николче Трајановски, кои на бебето му подарија пригодни подароци, како и парична награда во својство на првородено бебе за тековната календарска година. Исто такаградоначалникот ја истакна и подршката од 3000 денари за секое новородено бебе во општина Делчево, како пракса која веќе трета година се спроведува од страна на општината.