За зачувување и подобрување на поволната безбедносна состојба во училиштата и вкупната безбедносна состојба , заедничко решавање на проблемите и ефикасно попречување на влијанието на сите негативни појави поврзани со безбедноста на училиштата и пошироко и истовремено градење на меѓусебна доверба и соработка помеѓу полицијата, учениците, родителите и останатите институции, ПС – Делчево во соработка со СОУ М.М. Брицо го реализара проектот под наслов „БЕЗБЕДНИ УЧИЛИШТА”.
За таа цел од страна на Одделението за Превенција и мисијата на ОБСЕ во СВР Штип за пишување на литературни творби на тема Безбедни училишта беа доделени три дипломи и книги ,за освоено прво,второ и трето место на учениците Медине Ибраимова ,Сања Димитровска ,Ана Марија Лесовска , диплома на ученичката Катерина Антовска фасцилитатор за борба и превенција против насилство во училиштата и волонтер во Црвен крст – Делчево и диплома за професорката Наташа Гоцевска .
Поради големиот интерес за пишување литературни творби , кој го покажаа учениците и заради мотивација за поголемо учество во сите понатамошни проектот, од страна на градоначалникот на Општина Делчево Горан Малешевски беа доделени благодарници на 10 ученици, чии литературни творби беа одбрани како најдобри и благодарница за професорот по Македонски јазик Димитар Стојановски.
Благодарници од градоначалникот добија учениците:
Николовска Ана Марија
Маја Цврдачка
Кети Ангеловска
Катерина Сапаловска
Сандра Џабирска
Бошко Лазаров
Симона Стоименовска
Марија Стојановска
Наталија Илиева
Ристовска Андреа
Доделувањето на овие благодарници од страна на Градоначалникот на општина Делчево, во голема мера е со цел за поголема промоција на граѓанските активности на младите, кои што изразуваат подготвеност за учество и допринос на развој на општината Делчево во поедини сегменти на работа. Ваквиот тренд на промовирање, подршка и соработка ке продолжи и во иднина.