Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Срекна нова 2012 година

Печати PDF

Срекна нова 2012 година на сите граѓанини на општина Делчево, успех во работата и приватниот живот со благосостојба за сите жители на општината и цела држава, им посакуваат вработените во општинската администрација на ЕЛС Делчево.

Зад нас е 2011 година исполнета со голем број на реализирани проекти, од секаков карактер во делокругот на работа на општина Делчево. Беше остварено високо ниво на капитални инвестиции, решавање на инфраструктурни проекти, исполнета социјалната програма, подршка за образованието, беше подигнато нивото на соработката со граѓаните на општина Делчево, невладиниот сектор, бизнис секторот, зголемени капацитети на општинската администрација, меѓународната соработка....

Новата 2012 година е пред нас со најава за уште поинтензивни инвестициони активности, на територијата на целата општина, како од страна на општина Делчево, така и од страна на бизнис заедницата. Во рамки на годишната програма за работа како на Градоначалникот Горан Малешевски, така и на целата општинска администрација се предвидени голем број на проекти, како од стратешки така и од развоен карактер на општина Делчево, за бенефит на сите граѓани на општината без разлика на нивната било каква пропадност. Градењето на вистинскиот граѓански дух на општина Делчево, е врвен приоритет на општина Делчево, со  меѓусебна почит и толеранција, како и разбирање на мноштвото на различности кои го карактеризираат Делчево.Богатството на општина Делчево се нејзините граѓани. Тоа богатство ке биде вреднувано и почитувано, заедно со потребите за развој и просперитет во иднина. Во таа насока општина Делчево стратешки е ориентирана да ги реализира сопствените програми и стратешки одлуки, без притоа да  бидат занемарени и реалните потреби и предизвици со кои се соочуваат граѓаните на општината, како што тоа до сега беше практика.

ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО ОД 01.01.2012 ГОДИНА ОФИЦИЈАЛНО ВЛЕГУВА ВО ВТОРАТА ФАЗА ОД ПРОЦЕСОТ НА ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА. Овој процес започна пред повеке од 6 години, но поради редица на потешкотии, во голема мера од финансиски аспект, општина Делчево не можеше да биде дел од поголемото семејство на општини во Република Македонија, кои беа влезени во втората фаза на децентрализација. Оваа негативна страна од историјата на постоење на општина Делчево е зад нас, со огромна доза на позитивен импулс кој во 2012 година реално ке се манифестира во сите пори на општественото живеење во општина Делчево, и директно ке допринесе за раст на стандардот на сите граѓани на општината. Целокупниот ангажман на градоначалникот Горан Малешевски, заедно со одделенијата во општина Делчево, во изминатите 2 години и 8 месеци придонесоа кон овој позитивен исчекор, за новата 2012 година, што ке значи зголемен обем на активности, одговорности и реализирани проекти во иднина. Досегашниот, како и идниот ангажман  за 2012 година и годините кои ке следуваат потоа во огромна мера ке го подобрат животот и стандардот на граѓаните на општина Делчево и ке поттикне поголем раст на бројката за нови вработувања како и зголемено произвотство на приватниот сектор.

Во 2011 година општина Делчево според официјалната статистика беше една од општините во РМ, каде имаше процентуално едно од највисоките нивоа на вработувања по глава на жител. Овој позитивен тренд ке продолжи и понатаму да се развива и одржува.

Во оваа насока ке бидат реализирани уште поголем број на проекти, од инфраструктурен карактер (патишта, улици, тротоари, водовод, канализација, изградба на нови како и реконструкција и адаптација на постоечки јавни објекти и површини), зголемено ниво на подршка за образованието, спорт и рекреација, култура, превенција и заштита, земјоделство, шумарство, водостопанство, туризам и екологија, здравствена заштита, соработка со НВО секторот, соработка со граѓаните, меѓународната соработка, јавност и отчетност, градење на капацитетите на општинската администрација, како и усвојување на стратешки документи и техничка документација.

На овој начин општина Делчево да го добие посакуваното ниво на стандард, за бенефит на сите граѓани кои живеат во општината.

2012 година ке биде година на позитивни трендови на раст, од делокругот на работа на општина Делчево. За таа цел потребен е целокупен ангажман и високо ниво на соработка на сите активни чинители на општествениот живот во општината.

Само така можеме да изградиме подобра општина за сите.

 

 

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес4
mod_vvisit_counterВчера259
mod_vvisit_counterОваа недела263
mod_vvisit_counterПретходна недела3525
mod_vvisit_counterОвој месец13268
mod_vvisit_counterПретходен месец12072
mod_vvisit_counterВкупно3510131

Присутни online: 1
Ваша IP: 3.227.247.17
,
Денес: Јан 26, 2021