Во сабота 03.12.2011 година со почеток во 18.00 часот во спортската сала на СОУ ММ Брицо во Делчево се одигра дерби натпреварот на колото за крај на полусезоната 2011-2012 во рамки на првата кошаркарска лига за жени.
На огромно воодушевување на домашната публика која во бројка од над 600 луѓе во еден здив ги бодреа кошаркарките од делчевската екипа, резултатот на крајот заврши 81:72 во корист на домашните кошаркарки.
Во текот на целиот натпревар екипата на КК Клубски беше во резултатска предност, понекогаш со 15 поени разлика во однос на противникот, надминувајки ги кошаркарките од Скопје во секој аспект на играта. На полувреме резултатот беше 42:35 во корист на женската фаланга од Делчево.
Со овој резултат екипата на КК Клубски се наоѓа на делба на првото место на табелата за оваа полусезона на натпревари, заедно со екипата на КК Вигор со вкупно 13 освоени поени од 7 натпревари.
Прволигашките натпреварувања продолжуваат на 11.02.20114 година кога ке се одигра првото коло од втората полусезона.