Реализација на средствата за новороденчиња

Во рамките на реализацијата на проектот "Парична помош за секое ново родено бебе во општина Делчево", до 15.11.2011 год. за тековната година реализирани се, со исплата вкупно 73 решенија со исплатени 229.000,00 мкд . Процесот за реализацијата на останатите поднесени барања е во тек и оваа мерка продолжува да се спроведува и во иднина.
Оваа мерка која беше иницирана од страна на градоначалникот уште на почетокот од неговиот мандат продолжува да се спроведува и понатаму. За сите подетални информации и потребни документи за остварување на ова право, граѓаните можат да се јават во просториите на општина Делчево или да ја посетат веб страницата на општината каде можат да се информираат по однос на истата.

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.