Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Започна изградбата на новата улица во село Стамер

Печати PDF
Thumbnail image
Во рамки на завршувањето на обврските на договорот за извршување на градежни работи, во согласност со огласот бр.11-1145/1-2011 објавен од страна на општина Делчево за изградба на улици и пристапни патеки со бекатон во Делчево, градежната оператива на СД Транс од Ѕвегор-општина Делчево, започна со изградбата на нова улица во село Стамер.
 

Thumbnail image Thumbnail image

Станува збор за извршување на земјани работи и вградување на бекатон плочки со вкупна површина од 420 м2 со вкупен износ на чинење од 534.100,00 мкд  (цена без ДДВ).
Сретствата за реализацијата на овој проект се обезбедени од Буџетот на општина Делчево во рамки на годишната програма на градоначалникот Горан Малешевски за 2011 година. Реализацијата на изградбата на оваа улица следува по целосната реконструкција на водоводната мрежа во селото (проект кој се реализираше во првата половина од 2011) како и паралелно со градежните работи за изградба нa нов мини плоштад со детско игралиште и простор за одмор и рекреација за жителите на селото, во центарот кај селската чешма.
Со изградбата на оваа улица завршуваат обврските по однос на споменатиот договор потпишан помеѓу компанијата СД Транс и општина Делчево во чии што рамки беа изградени вкупно 9 (девет) улици и пристапни патеки со бекатон плочки во вкупен износ од 3.037.626,8 мкд. Овие сретства беа обезбедени целосно од буџетот на општина Делчево, во рамки на годишната програма на градоначалникот.
Во тек е повикот за доставување на приоритетни проекти за секоја месна и урбана заедница за наредната 2012 година во чии што рамки граѓаните на секое населено место треба да достават приоритетни проекти кои за оваа година би влегле во програмата за реализација на сретствата од Буџетот на општина Делчево, во согласност со можностите на општината.
Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес18
mod_vvisit_counterВчера259
mod_vvisit_counterОваа недела277
mod_vvisit_counterПретходна недела3525
mod_vvisit_counterОвој месец13282
mod_vvisit_counterПретходен месец12072
mod_vvisit_counterВкупно3510145

Присутни online: 3
Ваша IP: 3.232.96.22
,
Денес: Јан 26, 2021