Денеска Среда 09.11.2011 година со почеток во 14 часот во просториите на општината, по иницијатива на координаторот на Комисијата за еднакви можности, Сузана Петровска, состанок ќе одржи Комисијата за еднакви можности при Советот на Општина Делчево, во следниот состав: Снежана Ѓоргиевска , Мира Стојчевска, Емил Петровски, Елизабета Тасева и Тони Ѓорѓиевски. Денешниот состанок е со цел:
- разгледување и утврдување на Предлог Локалниот акционен план за родова рамноправност за Општина Делчево за 2012 година, кој треба да биде усвоен од страна на Советот на Општина Делчево на наредната седница,
- Утврдување на планот за спроведување на активностите во рамките на проектот:„Запознавање на лицата со посебни потреби со концептот на недискриминација и механизмите за заштита„ кој проект во Општина Делчево ќе се спроведе во Ноември и Декември 2011 година. Проектот е финансиран од Британски совет и Министерството за труд и социјална политика на РМ а ќе биде имплементиран од страна на Комисијата за еднакви можности .