Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Несреќен пораз на КК Клубски во гости кај екипата на Кроација осигурување од Скопје

Печати PDF
Thumbnail image
Со првиот пораз со резултат 77:73 за оваа сезона екипата на кошаркарскиот клуб Клубски од Делчево се врати од гостувањето кај екипата на Кроација осигурување од Скопје. Натпреварот се одигра во малата сала на Спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје, пред околу 100-тина гледачи-љубители на кошарката, од кои поголем дел беа навивачи по потекло од Делчево.
 

Thumbnail image Thumbnail image

Домашната екипа на Кроација осигурување од самиот почеток на натпреварот покажаа огромна посветеност и екипна уиграност, во сите аспекти на играта, што резултираше со постојана резултатска предност во текот на целата игра. Евидентно беше дека екипата на КК Клубски има пропусти во играта, особено во додавањата, и брзите проигрувања, при што направија повеќе клучни грешки, кои придонесоа до неповолен резултат, на крајот од натпреварот. Елементарноста и едноставноста во играта и ученичките акции на КК Кроација осигурување, преточени во кошеви, им задаваа големи проблеми на кошаркарките на КК Клубски, кои на крај мораа да се задоволат со малата кош разлика од 4 поени, која е апсолутно достигнувачка, во наредниот меѓусебен дуел кои овие две екипи ке го играат кон крајот на првенството. 

Thumbnail image Thumbnail image

Наредниот натпревар екипата на КК Клубски го игра во спортската сала во дворот на СОУ ММ  Брицо во Делчево со екипата на Струга 2009 во сабота 05.11.2011 година. Подршката од трибините секако е добредојдена од сите, во намерата да се постигне што поубедлива победа над гостинската екипа.
Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес38
mod_vvisit_counterВчера679
mod_vvisit_counterОваа недела1666
mod_vvisit_counterПретходна недела7520
mod_vvisit_counterОвој месец12717
mod_vvisit_counterПретходен месец27076
mod_vvisit_counterВкупно3415832

Присутни online: 5
Ваша IP: 54.160.19.155
,
Денес: Авг 12, 2020