Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Се конституираше форумот на месните и урбани заедници на општина Делчево

Печати PDF

Thumbnail image

Откако претходно беа формирани сите месни и урбани заедници на територијата на општина Делчево, во сите населени места каде според конституцијата на населеноста на населените места овој процес беше возможен, во петок 28.10.2011 година во малата конференциска сала на Спомен домот АСНОМ во Делчево со почеток во 19.00 часот, беше конституиран Форумот на месни и урбани заедници на општина Делчево.

Thumbnail image

На конститутивниот состанок присуствуваа претседателите на сите формирани месни и урбани заедници во Делчево како и поголем број на членови на советите на овие самоуправни единки во рамки на ЕЛС Делчево. Конференцијата започна со поздравен говор на градоначалникот на општина Делчево г-дин Горан Малешевски, под чија што директна иницијатива се реализираше формирањето и конституирањето на овој форум, како нова форма на работа во рамки на функционирањето на локалната самоуправа граѓаните на општина Делчево. Градоначалникот накратко се обрати пред присутните, истакнувајки ја улогата и значењето на месните и урбаните заедници,системот на функционирање на истите, како и  директната партиципација  и влијанието при одлучувањето на граѓаните во рамки на нивното работење. Форумот како легитимно тело е составен од сите претседатели на урбаните и месните заедници, како и членови на советите на истите. Преку форумот кој начелно ке се состанува минимум еднаш годишно во форма на годишна конференција, граѓаните преку нивните легитимно избрани претставници ке можат да ги истакнуваат своите приоритени барања, за реализација во секоја месна (урбана) заедница, за истите да бидат вклучени во подготовката на годишната програма за работа на градоначалникот, за секоја година пооделно.

Thumbnail image

Исто така преку овој форум ке биде вршена презентација на сработените проекти за секоја урбана или месна заедница посебно во текот на претходната година, како и причините зошто одредени проекти кои претходно се вклучени во програмата на градоначалникот, не се реализирани, доколку воопшто постојат такви проекти. На тој начин ке се зголеми транспарентноста и отчетноста на телата на општина Делчево во целост, увид и констатација на нивото на инвестиции, во секој реон/населено место пооделно, како и дискутабилноста по однос на формирањето на приоритетите, со цел за нивно оптимално планирање и програмирање.

Во дискусијата на форумот се вклучи и претседателот на Советот на општина Делчево г-дин Николче Трајановски, кој пред присутните ја истакна својата безрезервна подршка на било која иницијатива од страна на месните и урбани заедници, пред советниците на Советот на општината, во рамки на можностите, и согласно со развојните политики на советничките групи на сите политички партии во советот.

Потоа конференцијата продолжи со пообемна презентација за реализираните, тековните и дел од идните проекти за работа на градоначалникот на општината за минатата година, по што следуваше поопширна дискусија, околу работата и функционирањето на месните/урбаните заедници, помеѓу членовите на советите на истите и градоначалникот и претставниците на ЕЛС Делчево.

Се очекува поголема партиципација на сите граѓани на општина Делчево, во креирањето на годишниот план на општина Делчево, преку активен придонес во работата на месните и урбаните заедници на општина Делчево, со што сите мислења и иницијативи ке биде забележани и ставено на разгледување, како и нивно усвојување во рамки на можностите.

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес43
mod_vvisit_counterВчера679
mod_vvisit_counterОваа недела1671
mod_vvisit_counterПретходна недела7520
mod_vvisit_counterОвој месец12722
mod_vvisit_counterПретходен месец27076
mod_vvisit_counterВкупно3415837

Присутни online: 3
Ваша IP: 54.160.19.155
,
Денес: Авг 12, 2020