Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Асфалтирана новата улица кај старата противпожарна зграда во Делчево

Печати PDF
Thumbnail image
Во саботата 29.10.2011 година градежната оператива на ГД Гранит од Делчево ја асфалтираше новата улица во населбата 3-ти реон, позади зградата на стариот противпожарен дом.
Thumbnail image Thumbnail image
Асфалтерските работи следуваат по обемните градежни работи спроведени на оваа локација со кои целосно се уреди овој простор кој претходно беше целосно во многу лоша состојба, во делови претворен во мини депонија, , без никаква подземна инфраструктура, при што се изгради ново детско игралиште кое повеќе од потребното ја оправда својата улога (со оглед на фактот што во поголемиот дел од денот постојано е посетено од дечиња и нивните родители), мултинаменското спортско игралиште кое е осветлено за вечерни спортски активности на граѓаните, новата водоводна и канализациона мрежа, новата фонтана, простор за седење, како и партерно уредување на целиот простор.
Thumbnail image
Асфалтирањето на оваа улица следуваше по претхотно направените целокупни подготовки за оваа фаза, со поставување на ивичници, тампонирање на трасата и целосно планирање на теренот од страна на ЈПКД Брегалница од Делчево.
Средствата за сите градежни работи направени на оваа локација се обезбедени од Буџетот на општина Делчево, како и од учество на ЈПКД Брегалница.
На овој начин со изградбата на оваа нова улица се заокружи една мултифункционална целина, како за граѓаните кои живеат во овој дел од градот, така и за луѓето кои поминуваат од тука. Во иднина преостанува уредување на просторот помеѓу мултинаменското игралиште и реката Брегалница, но реализацијата на овој проект ке се решава интегрално со оформувањето на мини и макси коритото на реката Брегалница.
Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес40
mod_vvisit_counterВчера679
mod_vvisit_counterОваа недела1668
mod_vvisit_counterПретходна недела7520
mod_vvisit_counterОвој месец12719
mod_vvisit_counterПретходен месец27076
mod_vvisit_counterВкупно3415834

Присутни online: 4
Ваша IP: 54.160.19.155
,
Денес: Авг 12, 2020