Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Изградба на десниот крак на улицата Разловечка во населбата 1-ви реон во Делчево

Печати PDF
Thumbnail image

Откако лани беше најавено, конечно продолжија градежните работи за изградба на десниот крак на улицата „Разловечка“, во населбата 1-ви реон во Делчево.

Thumbnail image Thumbnail image

Станува збор за асфалтирање површина од 468 м2  со горен носив слој на битуменизиран материјал БНХС со дебелина од 7 cm. Цената на чинење на целокупните градежни работи изнесува 402.155,00 мкд (цена без ДДВ). Овие финансиски средства се обезбедени од Буџетот на општина Делчево, во рамки на годишната програма за 2011 година за работа на градоначалникот. Изведувач на работите е ГД „Гранит“ АД Скопје, фирма која беше избрана како најповолен понудувач на јавната набавка спроведена од страна на општина Делчево.

Поради несогласување и постоење на неколку проблеми поврзани со структурата на почвениот состав каде треба да поминува улицата, изградбата на истата беше одложена, но по завршување на сите перипетии, изградбата веќе е доведена кон завршна фаза, за што преостануваат уште мал дел на градежни работи, до целосно финиширање на процесот, на задоволство и среќа на граѓаните, кои за првпат откако ги изградиле своите домови, ќе можат да влезат во нив, без притоа да ја газат калта која во минатото беше нивна реалност.
Thumbnail image Thumbnail image
Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес47
mod_vvisit_counterВчера679
mod_vvisit_counterОваа недела1675
mod_vvisit_counterПретходна недела7520
mod_vvisit_counterОвој месец12726
mod_vvisit_counterПретходен месец27076
mod_vvisit_counterВкупно3415841

Присутни online: 2
Ваша IP: 54.160.19.155
,
Денес: Авг 12, 2020