Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Започна доизградбата на две улици во населба Стар Расадник

Печати PDF

Thumbnail image

Деновиве започна доизградбата на две улици во населбата „Стар Расадник“ во Делчево.

Thumbnail image Thumbnail image

По претходно спроведената иницијатива од страна на претставниците на урбаната заедница на 3-ти реон во Делчево,  како и постапката за спроведување на јавна набавка за "Асфалтирање на улици во Делчево", спроведена од страна на општина Делчево, а во рамки на Годишната програма на градоначалникот Горан Малешевски, за 2011 година, започнаа градежните работи за доизградба на две  улици во населбата „Стар Расадник“ во Делчево.

Thumbnail image Thumbnail image

Станува збор за изградба на дел од улицата „Мито Хаџи Василев Јасмин“ со вградување на асфалт со површина од 1080 м2, со вкупен износ на средства од 1.473.475,00 мкд (без ДДВ) , кско и изградба на дел од улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ со вкупна површина од 315 м2, со вкупен износ од 476.070,00 мкд (без ДДВ).

Thumbnail image

Со изградбата на овие две улици во голема мерка се решаваат повеќе проблеми за жителите кои живеат и гравитираат во овој дел од населбата, како од аспект на секојдневна сообраќајна комуникација, така и од заштита на станбените објекти од наноси и поплави кои со оглед на стрмниот терен во населбата предизвикуваат проблеми за граѓаните. Изведувач на градежните работи е ГД „Гранит“ од Делчево, а инвеститор е општина Делчево, со средства од Буџетот на општината.

Изградбата на делови од овие две улици следува по изградбата на две пристапни патеки и улици, изградбата на детското игралиште и уредувањето на просторот околу гаражните места на влезот од населбата, како и изградбата на пешачките тротоари, и пробивањето на улица во највисокиот дел од населбата, која води до најпериферниот дел од градот.За оваа населба  во најскоро време предвидено е уште и изградба на едно мултинаменско спортско игралиште по олимписки стандарди, за што од неодамна се отстранети сите технички бариери и се усвоени сите потребни документи при што се создадени услови за непречена изградба на ова игралиште кое е донација на Агенцијата за млади и спорт при Владата на РМ. Динамиката на работа сега единствено зависи од оваа владина агенција.

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес46
mod_vvisit_counterВчера679
mod_vvisit_counterОваа недела1674
mod_vvisit_counterПретходна недела7520
mod_vvisit_counterОвој месец12725
mod_vvisit_counterПретходен месец27076
mod_vvisit_counterВкупно3415840

Присутни online: 2
Ваша IP: 54.160.19.155
,
Денес: Авг 12, 2020