Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Отворена канцеларија на пратеникот Тони Трајановски, за комуникација со граѓаните

Печати PDF

Thumbnail image

Во рамки на програмската определба и работењето на пратеникот во Собранието на РМ, Тони Трајановски, во Делчево е отворена канцеларија за комуникација на овој пратеник со граѓаните на општината Делчево и регионот.

Thumbnail image

Канцеларијата се наоѓа во сегашната зграда на општина Делчево соба бр.17 (на втори кат прва врата од лево), а истата е отворена за граѓаните секој петок во термин од 09.00 часот до 15.00 часот.

На овој начин е овозможена директна комуникација на граѓаните на општина Делчево и пошироко од регионот, за актуелни прашања и соработка со пратеникот, во рамки на неговиот мандат на застапување, пред Собранието на Република Македонија, како и останати институции на централно ниво, со цел на градење на широк граѓански капацитет на општина Делчево во целост.

Thumbnail image

Сите релевантни конкретни предлози, дискусии, мислења на сите граѓани на општината Делчево како и регионот се добредојдени и ќе бидат земени во предвид на работата на пратеникот, при што со тоа граѓаните ќе дадат особен допринос и сопствен личен белег, за функционирањето на институциите на Република Македонија, во интерес на развојот и напредокот на општина Делчево, регионот и државата.

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес39
mod_vvisit_counterВчера679
mod_vvisit_counterОваа недела1667
mod_vvisit_counterПретходна недела7520
mod_vvisit_counterОвој месец12718
mod_vvisit_counterПретходен месец27076
mod_vvisit_counterВкупно3415833

Присутни online: 3
Ваша IP: 54.160.19.155
,
Денес: Авг 12, 2020