Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Прва победа на КК Клубски за оваа сезона

Печати PDF

Thumbnail image

Со високи 123:52 екипата на КК „Клубски“ од Делчево ја совлада екипата на КК „Трокал“ од Кавадарци, на почетокот на новата кошаркарска сезона во Првата кошаркарска лига за жени во организација на Кошаркарската федерација на Македонија

Thumbnail image Thumbnail image

Со овој резултат и со високата  разлика од 71 поен, екипата на КК „Клубски“ се постави на првата позиција на табелата, пред КК „Вигор“ од Скопје, со што најавија многу интересна битка за првата позиција за оваа кошаркарска сезона.

Натпреварот започна со целосна доминација на кошаркарките од женската фаланга од Делчево, со целосна надмоќ во сите елементи на играта. Резултатот во целиот натпревар беше под контрола, а високата резултатска разлика со секоја нова четвртина значително се зголемуваше.

Од стручниот штаб на видно засилениот тим од Делчево за оваа сезона најавуваат директен атак на првата позиција на табелата, и секаков друг резултат би бил неуспех за КК „Клубски“.

Thumbnail image

Во наредниот круг на натпреварување екипата на КК „Клубски“ и гостува на екипата на КК „Кроација Осигурување“ од Скопје, во сабота 29.10.2011 година, во малата сала на спортско-рекреативниот центар Борис Трајковски во Скопје. Овој натпревар слободно може да се квалификува како дерби натпревар на сезоната, со оглед на играчките капацитети со кои моментално располагаат двете екипи. Се очекува широка поддршка на трибините во салата на кошаркарките од Делчево, за што од страна на управата на клубот е најавено организирана навивачка група да присуствува на натпреварот.

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес46
mod_vvisit_counterВчера679
mod_vvisit_counterОваа недела1674
mod_vvisit_counterПретходна недела7520
mod_vvisit_counterОвој месец12725
mod_vvisit_counterПретходен месец27076
mod_vvisit_counterВкупно3415840

Присутни online: 3
Ваша IP: 54.160.19.155
,
Денес: Авг 12, 2020