Со ангажман на градежната механизација на ГД „Гранит“ АД Скопје -градежна оператива од Делчево, заврши асфалтирањето на дел од улиците „Титоградска“ и „Орце Николов“, во населбата „Ново Делчево“ во Делчево.
Станува збор за асфалтирање на делница во должина од 125 м со која се реконструира значително уништениот дел од овие улици, состојба која во голема мерка го отежнуваше сообраќајот на граѓаните кои живеат во овој дел од населбата. Исто така во рамки на градежните активности беа санирани прекопите на околните улици кои беа направени по неодамнешното поставување на новата водоводна мрежа, во овој дел од градот, во рамки на имплементацијата на проектот за целосна реконструкција на водоводната мрежа во населба Ново Делчево, што започна пред 2 месеци.
******** СОСТОЈБА ПРЕД ********
************ СОСТОЈБА ПОТОА *********