Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Во тек е сообраќајно превентивната акција "Да ги заштитиме децата во сообраќајот" во Делчево

Печати PDF

Thumbnail image

Децата како најмлади учесници во сообраќајот треба да знаат на што да обрнат внимание кога се движат по сообраќајниците и да бидат запознаени со начинот на движење на пешаците и на возилата по површините кои се наменети за  нивно движење.

Thumbnail image Thumbnail image

Акцијата „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ има за основна цел да ги  запознае децата со правилата и прописите во сообраќајот и преку практични примери да ги запознае со најкраткиот и најбезбеден пат од домот до училиштето.

Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во Делчево со години наназад ја организира и реализира оваа сообраќајно воспитна акција под мотото „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ во соработка со Полициската станица во Делчево, основните училишта „Ванчо Прке“ и „Св.Климент Охридски“ .Оваа акција традиционално се одржува секоја година во месец септември кога децата тргнуваат на училиште, а посебно е наменета за првачињата.

Thumbnail image Thumbnail image

Еден интересен и практичен начин преку кој децата сообраќајно се воспитуваат е Сообраќајниот полигон кој во соработка со Полициска станица - Делчево е донесен во Делчево и ротира во сите подрачни училишта во општината.

Децата при нивното движење по Сообраќајниот полигон со велосипед се запознаваат со правото на првенство на минување, задолжителното запирање на знакот стоп, пропуштање на пешаците кои го започнале своето преминување преку пешачкиот премин, давање на знак за правецот на движење и сите останати дејствија со кои тие се сретнуваат во секојдневното живеење.

За успешно изведување на акцијата „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ во  Делчево беа обележани пешачките премини и е поставена нова сообраќајна сигнализација во функција на еднонасочниот режим на сообраќај на улицата „Никола Јонков Вапцаров“ кон која гравитираат голем број на ученици и деца од Основното училиште „Ванчо Прке“ и детската градинка „Весели Цветови“.

Средствата за спроведување на акцијата ги обезбеди ЕЛС -  Делчево.

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес40
mod_vvisit_counterВчера679
mod_vvisit_counterОваа недела1668
mod_vvisit_counterПретходна недела7520
mod_vvisit_counterОвој месец12719
mod_vvisit_counterПретходен месец27076
mod_vvisit_counterВкупно3415834

Присутни online: 4
Ваша IP: 54.160.19.155
,
Денес: Авг 12, 2020