Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Заврши асфалтирањето на улицата Кеј на ослободувањето во Делчево

Печати PDF

Thumbnail image

Во рамки на јавната набавка бр.11-726/1 од 2011 година, и договорот потпишан помеѓу општина Делчево како договорен орган и ГД „Гранит“ АД Скопје како економски оператор, заврши асфалтирањето на улицата „Кеј на ослободување“ во централното градско подрачје преку која центарот на градот сообраќајно комуницира со спортскиот комплекс во Делчево.

Thumbnail image Thumbnail image

Thumbnail image Thumbnail image

Станува збор за асфалтирање на улица со површина од 2.940 м2 и цена на чинење на градежните работи во вкупен износ од 2.176.255,00 мкд (без пресметан ДДВ). Во текот на експлоатацијата оваа собраќајница беше доведена во многу лоша употреблива состојба, за што во соработка со граѓаните кои живеат во овој дел од градот, беше констатирано на состанок на Урбаната заедница да се дефинира како највисок приоритет за реализација за оваа година, по што беше спроведена постапка од страна на градоначалникот Горан Малешевски и истата се најде во програмата за оваа календарска  година. Средствата за реализацијата на овој проект во целост се обезбедени од Буџетот на општина Делчево.

Thumbnail image Thumbnail image

Со поставувањето на новиот асфалт возните услови на оваа улица се подобрија на највисоко можно ниво, така што сега како проблем се наметнува дефинирањето на сообраќајното решение, со поставување забавувачи на сообраќајот или т.н. лежечки полицајци, за намалување на брзината на возење на возилата, за што постои потенцијална опасност, како за пешаците, така и за луѓето чии што дворови излегуваат на оваа улица. Исто така во тек е постапка за изградба на тротоарот кој поминува помеѓу улицата и новата црква и новиот парк, кои исто така се во изградба. На овој начин овој дел од градот ке прерасне во урбано репрезентативно место, каде не само граѓаните од овој дел на населбата „Ново Делчево“, туку сите ќе имаат на располагање простор за одмор и рекреација.

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес40
mod_vvisit_counterВчера679
mod_vvisit_counterОваа недела1668
mod_vvisit_counterПретходна недела7520
mod_vvisit_counterОвој месец12719
mod_vvisit_counterПретходен месец27076
mod_vvisit_counterВкупно3415834

Присутни online: 4
Ваша IP: 54.160.19.155
,
Денес: Авг 12, 2020