Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Соопштение за спроведување на јавна презентација и јавна анкета

Печати PDF

Врз основа на член 24 точка 2 од Законот за просторно и урбанистчко планирање ( Сл. Весник бр. 51/05 ) и Законот за изменување и дополнување на Законот за просторно и урбанистчко планирање ( Сл. Весник бр. 137/07; 91/09; 124/10; 18/11 )  Градоначалникот на Општина Делчево го донесува следното

С О О П Ш Т Е Н И Е

за спроведување на јавна презентација и јавна анкета

по Нацрт - Детален урбанистички план за урбана единица 2, дел од блок 2,1 дел од локалитет Сервисна зона - Општина Делчево

Се спроведува јавна презентација и јавна анкета  по Нацрт - Детален урбанистички план за урбана единица 2, дел од блок 2,1 дел од локалитет Сервисна зона - Општина Делчево кој е со опфат од 5,6  ха

Овој локалитет е со следните граници

-       северозапад: дел од јужна меѓа на к.п. бр. 6017

-       североисток : осовина на новопланирана улица бр.1

-       југ : осовина на улица ,, Индустриска,,

-       југоисток  : осовина на новопланирана улица 3

Јавната презентација ке се одржи на ден 27.10.2011 г во просториите на Спомен дом ,АСНОМ,, ( сала на совет) со почеток во 12 часот.

Јавната анкета ке трае 10 работни дена , сметано од денот на одржување на јавната презентација

Нацрт - Деталниот урбанистички план за урбана единица 2, дел од блок 2,1 дел од локалитет Сервисна зона - Општина Делчево ке биде изложен во просториите на Општина Делчево , аптека ,, Твоја аптека,,   и во просториите на Комерцијална банка во Делчево

Заинтерисираните граѓани и  правни лица можат да учествуваат на јавната презентација а во времетраење на анкетата на анкетни листови ке можат да ги дадат своите забелешки  и предлоз на анкетните листови до Одделението за урбанизам,уредување на и одржување на градежно земјиште и заштита на животна средина при општина Делчево

Соопштението за организирање на јавна презентација и јавна анкета ке бидат објавени во две јавни гласила

Целосното решение е достапно на сл линк тука

 

ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО

Градоначалник

Горан Малешевски
Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес38
mod_vvisit_counterВчера679
mod_vvisit_counterОваа недела1666
mod_vvisit_counterПретходна недела7520
mod_vvisit_counterОвој месец12717
mod_vvisit_counterПретходен месец27076
mod_vvisit_counterВкупно3415832

Присутни online: 5
Ваша IP: 54.160.19.155
,
Денес: Авг 12, 2020