Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Реконструкција на дворот на црквата "Св.Цар Константин и царица Елена" во село Разловци

Печати PDF
Thumbnail image
Во изминатите неколку денови, започнаа интензивни градежни работи во дворот на црквата "Св.цар Константин и царица Елена" во селото Разловци.
Thumbnail image Thumbnail image
По завршувањето на асфалтирањето на новата улица во ова село, во рамки на годишната програма на градоначалникот Горан Малешевски за 2011 започна темелна реконструкција на дворот во црквата во чии што одаи во 1876 година се направени првите подготовки за кревањето на Разловечкото востание од страна на Поп Стојан, кој бил еден од водачите и идеолог на востанието. 
Thumbnail image Thumbnail image
Станува збор за поставување на нова лимарија за одведување на атмосферските води од покривот на црквата, целосна реконструкција на партерот, под тремот на црквата, изградба на неколку пешачки патеки пред и позади црквата, изградба на тоалети позади црквата, изградба на ново детско игралиште и реконструкција на оградата, како и камбанаријата пред црквата, која со својот автентичен изглед е една од репрезентативните белези на селото и општината. Изведувач на градежните работи е ЈПКД Брегалница од Делчево, со сретства од Буџетот на општина Делчево и од сопствени сретства. 
Thumbnail image Thumbnail image
Thumbnail image Thumbnail image
Во селото исто така од страна на Градоначалникот најавени се  за реализација и други градежни зафати, преку поставување на бетонски цевасти пропусти, регулирање на атмосферските води кои создаваат дополнителни проблеми со ерозија на стрмниот терен во селото, како и изградба на нов мост на текот на реката Брегалница во непосредна близина на селото, преку кој жителите на селото ке можат да ги користат своите имоти од другата страна на реката. Исто така во рамки на работата на општина Делчево, најавено е оспособување на регионалниот пат меѓу Разловци и село Митрашинци од општина Берово, со извршување на сите потребни земјени работи и пробивање, во интерес на локалното население, кое има потреба да се движи по овој пат.
Сите овие проекти се реализираат во рамки на соработката на Градоначалникот со Месната заедница од селото, која е една од по активните облици на самоуправување во општина Делчево.
Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес38
mod_vvisit_counterВчера679
mod_vvisit_counterОваа недела1666
mod_vvisit_counterПретходна недела7520
mod_vvisit_counterОвој месец12717
mod_vvisit_counterПретходен месец27076
mod_vvisit_counterВкупно3415832

Присутни online: 5
Ваша IP: 54.160.19.155
,
Денес: Авг 12, 2020