Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Продолжи изградбата на пристапна патека во Пустевски ендек

Печати PDF
Thumbnail image
На огромно задоволство на граѓаните од ромска етничка припадност, како и останатите кои живеат во близина на Пустевски ендек, а кои гравитираат кон овој дел од градот, продолжи да се гради пристапната патека која овие жители интензивно ја користат во рамките на своите секојдневни потреби.
 

Thumbnail image Thumbnail image

Станува збор на извршување на градежни работи во рамки на Јавната набавка бр.11-1145/1-2011, која што општина Делчево ја спроведе на почетокот од оваа година, а која во целост се однесува за изградба на улици и пристапни патеки со бехатон во Делчево.. Оваа пристапна патека е со површина од 140 м2 со цена на чинење во износ од 320.210,00 мкд (без ДДВ). 
 

Thumbnail image Thumbnail image

Оваа пристапна патека е значајна не само за граѓаните кои живеат на ова место туку и за жителите кои од околните куќи доаѓаат да наполнат вода за секојдневна употреба од чешмата кој се наоѓа во близина, со оглед на квалитетот на водата која извира во непосредна близина од природен извор. Со изградбата на оваа улица во огромна мера се подобрува стандардот на животните услови на граѓаните кои оваа патека ја ползуваат во нивниот секојдневен живот. 
Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес45
mod_vvisit_counterВчера679
mod_vvisit_counterОваа недела1673
mod_vvisit_counterПретходна недела7520
mod_vvisit_counterОвој месец12724
mod_vvisit_counterПретходен месец27076
mod_vvisit_counterВкупно3415839

Присутни online: 2
Ваша IP: 54.160.19.155
,
Денес: Авг 12, 2020