Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Изградба на две нови улици во село Тработивиште

Печати PDF

Thumbnail image

Паралелно со изградбата на новата улица во село Разловци чие што асфалтирање заврши во четврток 13.10.2011 година, започна и изградбата на две нови улици во село Тработивиште.

Thumbnail image Thumbnail image

Поради блокадата на граничниот премин на границата кон Република Грција, беше оневозможена доставата на суровини, за потребите на градежната оператива на Гранит, со што асфалтирањето на овие две улици се пролонгираше за неколку денови. Станува збор за асфалтирање на "Улица 1"која што од центарот на селото минува покрај селската џамија кон неговиот јужен дел  со површина од 525 м2, како  и "Улица 2" која што од центарот на селото води кон север-северозапад, со површина од 1118 м2, поминувајки покрај црквата Св. Богородица..

Thumbnail image Thumbnail image

Изградбата на овие две улици се спроведува во рамки на Јавната набавка бр.11-726/1 од 2011 година, која што општина Делчево ја спроведува  со сретства од сопствениот Буџет. За првпат по подолго време во оваа рурална средина се реализираат вакви позначајни градежни зафати, кои во голема мера го подобруваат животниот стандард на населението кои живеат во ова едно од поголемите Делчевски села.

Thumbnail image Thumbnail image

Овие улици се реализираат како приоритетни проекти донесени од страна на Месната заедница на село Тработивиште која доста активно партиципира во работата на општина Делчево во креирање на годишните програми на општината, што претставува дополнителен мотив за сите останати месни и урбани заедници на територијата на Делчево што по ангажирано да учествуваат во донесувањето на годишната програма за работа на Градоначалникот за наредната 2012 година, за кога веке се предвидени поголем број на проекти и капитални инвестиции, од интерес на сите граѓани во местата каде ке се реализираат.

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес43
mod_vvisit_counterВчера679
mod_vvisit_counterОваа недела1671
mod_vvisit_counterПретходна недела7520
mod_vvisit_counterОвој месец12722
mod_vvisit_counterПретходен месец27076
mod_vvisit_counterВкупно3415837

Присутни online: 2
Ваша IP: 54.160.19.155
,
Денес: Авг 12, 2020