Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Изградба на нова улица во село Разловци

Печати PDF

Thumbnail image

Како што претходно беше најавено на нашиот веб портал во сл. текст тука,  конечно започна изградбата на планираните неколку улици на територијата на општина Делчево.

Имено откако пропадна договорот потпишан со прво пласираниот економски оператор по спроведената јавна набавка за изградба на улици и патеки во општина Делчево согласно Одлуката за утврдување на јавна набавка бр.11-726/1 од 2011 година, се пристапи кон потпишување договор во рамки на истата процедура со второпласираниот економски оператор кој конкурираше на тендерот.

Thumbnail image Thumbnail image

Со финализирање на сите потребни документи, ГП Гранит од Делчево започна со изградбата на нова улица низ централното подрачје во селото Разловци, на огромно воодушевување на жителите на ова револуционерно село чиј што развој стагнира како резултат на немањето на конкретни проекти во минатото кои се однесуваат на бенефит за жителите на селото. Со оваа улица која се протега од центарот на селото кон неговиот југо-западен дел  над старата училишна зграда и дворот на црквата Св. Цар Коинстантин и царица Елена, во голема мера се подобрува инфраструктурата за жителите на овој дел од селото. Цената на чинење на вкупните градежни работи за изградба на оваа улица изнесува 1.381.975,00 мкд (цена без пресметан ДДВ од 18%), со што ке бидат асфалтирани 1000 м2 со битуменизиран носив слој БНХС 16 со дебелина од 7 цм.

Thumbnail image

Во текот на изградбата на почетокот се појавија одредени проблеми со постојната денивелација на шахтите кои се наоќаат во трупот на улицата какои и потреба истите да се подигнат до горната кота на коловозот на улицата. Исто така се појавија и одредени проблеми со противење и опструкција на изградбата на улицата од страна на сопственици на имоти кои бесправно беа узурпирале површини во трупот на улицата. И покрај овие перипетии кои беа разрешени се започна со изградбата на улицата која ке финишира до почетокот на наредната недела.

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес35
mod_vvisit_counterВчера679
mod_vvisit_counterОваа недела1663
mod_vvisit_counterПретходна недела7520
mod_vvisit_counterОвој месец12714
mod_vvisit_counterПретходен месец27076
mod_vvisit_counterВкупно3415829

Присутни online: 3
Ваша IP: 54.160.19.155
,
Денес: Авг 12, 2020