Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Концерт на ќемеџиите од Пијанец

Печати PDF
Thumbnail image
Во понеделник 10.10.2011 година во предвечерието на големиот македонски празник 11-ти Октомври, во малата концертна сала на Спомен домот АСНОМ во Делчево се одржа концерт на ќеменџиите од Пијанец под името "Натсвирување на ќемене".
Thumbnail image Thumbnail image
Овој концерт се одржа во рамки на реализацијата на проектот "Потрага по ќемене" кој ЗРА Пијанечки глас го спроведува во рамки на Повикот на Министерството за култура на РМ за финансирање на проекти од национален интерес за 2011 година. На настанот беа поканети над 30-тина ќемеџии од целиот регион на Пијанец кој зафаќа од територијата на општините Делчево, Македонска Каменица, како и од општини од Република Бугарија, како и научни работници од повеќе образовни институции и поединци од Република Македонија.
Thumbnail image Thumbnail image
На почетокот  пред присутните беше елабориран во целост проектот кој е  финансиран од  Министерството за култура на Република Македонија, во соработка со Градоначалникот на општина Делчево, од страна на стручниот консултатн  Димитар Узунски кој во текот на реализацијата на целиот проект посветено се ангажираше за спроведувањето на истиот. Во текот на проектот истражени беа вкупно 23 ќемеџии од регионот на Пијанец, од кои дел настапија на вечерниот концерт во Спомен домот АСНОМ. Во рамки на проектот беше издадена Брошура и ДВД видео издание именувани со истото како и проектот, кои им беа поделени на присутните во салата.
Thumbnail image Thumbnail image
Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес39
mod_vvisit_counterВчера679
mod_vvisit_counterОваа недела1667
mod_vvisit_counterПретходна недела7520
mod_vvisit_counterОвој месец12718
mod_vvisit_counterПретходен месец27076
mod_vvisit_counterВкупно3415833

Присутни online: 3
Ваша IP: 54.160.19.155
,
Денес: Авг 12, 2020