Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Вечер на староградска музика во Делчево

Печати PDF
Во четврток 14.07.2011 година со почеток во 21.00 часот во Ресторанот во Хотел Македонија во Делчево ке се одржи традиционалната вечер на староградска музика. Организатор на манифестацијата е Националната установа центар за култура "Никола Јонков Вапцаров" од Делчево, во чија што годишна програма се реализира истиот. Вечерта во рамки на официјалниот дел од програмата ке настапат Женската вокална група Ѓурѓа и инструменталниот состав Делчевски еснафи од Делчево, група за староградска песна Распеани радовишани од Радовиш, група за староградска песна Распеани Кривопаланчани, како и групата за староградска песна Серенада од Виница.
На настанот ке му претходи дефиле на учесниците во центарот на Делчево,  во автентични староградски носии како и два спонтани настапи на Булеварот Маршал Тито, пред споменикот на паднатите борци од НОВ и Пред ТЦ Пела во центарот на градот. Манифестацијата е отворена за сите граѓани љубители на овој вид на музика, а влезницата за настанот чини 100 мкд.
Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес357
mod_vvisit_counterВчера680
mod_vvisit_counterОваа недела2020
mod_vvisit_counterПретходна недела4222
mod_vvisit_counterОвој месец11500
mod_vvisit_counterПретходен месец12072
mod_vvisit_counterВкупно3508363

Присутни online: 7
Ваша IP: 3.239.40.250
,
Денес: Јан 21, 2021