Во рамки на проектот "Добар почеток" финансиски поддржан од Европската Унија, преку фондовите на Ромскиот Образовен Фонд- Будимпешта, на територијата на општина Делчево, во соработка со Општина Делчево и Градоначалникот, г-дин Горан Малешевски, ОЈУДГ “Весели Цветови“ и невладината организација „КХАМ“ во месец декември 2010 година започнаа активностите од самиот проект.
Со проекот се опфатени деца од 0-6 години кои живеат во градот Делчево како и с.Тработивиште. Проектот "Добар почеток" се залага за градење на партнерство помеѓу ромските родители, образовните власти и институции, локалните власти и граѓанското општество. Како дел од активностите се вклучување на децата од ромската етничка заедница во преучилишните установи со цел полесно и поуспешно да се воспостави транзицијата во основното образование.Општина Делчево учествува со обезбедување на превоз на децата вклучени во проектот од с.Тработивиште, како и обезбедување на лице – негователка која е одговорна за грижата на децата. Исто така, во рамки на активностите се обезбедени и заменети 9 влезни врати во ОЈУДГ “Весели Цветови“ со алуминиумска столарија. Проектот ќе се имплементира во две фази. Имено, првата фаза е започната и ќе трае до 30.06.2011 година додека втората фаза на имплементација на проектот ќе започне од 01.09.2011 година и ќе трае до 30.06.2012 година.