Завршија градежните работи околу изградбата на новиот потпорен ѕид на зградата на Подрачното општинско основно училиште во селото Ѕвегор.
Со изградбата на овој ѕид се стабилизираше косината на магистралниот пат М5 кој минува во непосредна близина на училишната зграда, за која претстоеше опасност да биде нарушена статичката рамнотежа, со оглед на големата количина на подземни води која понираат на оваа страна на селскиот рид каде се наоѓа зградата. Истовремено конечно се оформи тротоарот на магистралниот пат кој е еден од пофреквентно користените во овој дел од селото, со оглед на големата концентрација на деца кои го посетуваат училиштето. Дополнително косината над новоизградениот потпорен ѕид ќе биде хортикултурно уредена со соодветни растенија, со што зградата на училиштето и дворот ќе добијат нов изглед.