Финишираше изградбата на новата улица во селото Град, во близина на центарот на селот. Новоизградената улица го поврзува локалниот пат кој поминува во близина на селската чешма, со т.н. Пејчинско маало, кое се наоѓа на ридест терен и сообраќајната комуникација на жителите од ова маало претходно се одвиваше во отежнаити услови, особено во врнежливи периоди од годината.
Следува уредување на просторот околу селската чешма како и изградба на целосно нов зафат за вода за оваа и останатите чешми во селото.